Правата на оштетените наспроти правата на подносителите на “Leniency” во европското конкурентско право

Koevski, Goran and Tusevska, Borka and Spasevski, Darko (2024) Правата на оштетените наспроти правата на подносителите на “Leniency” во европското конкурентско право. In: Меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет Штип“, 19-20 Sept 2024, Stip.

[thumbnail of Programa - FINAL - 11 conference, Faculty of Law, UGD (1).pdf] Text
Programa - FINAL - 11 conference, Faculty of Law, UGD (1).pdf

Download (398kB)
[thumbnail of Апстракт за труд за конференцијата во Штип Септември 2024 (1).pdf] Text
Апстракт за труд за конференцијата во Штип Септември 2024 (1).pdf

Download (61kB)

Abstract

Предмет на истражување во овој труд претставуваат правата на
оштетените
vis-à-vis правата на подносителите на програма за олеснување
или ослободување од глоба во контекст на европското конкурентско
право, или во странската литература позната како „
leniency programme“.
Главната мотивација да се истражува оваа прашање произлегува од
незавидната позиција што ја имаат оштетените во постапката за
докажување на штета од повреда на правила на конкурентско право.
Имено, со усвојувањето на Директивата за 2014/104/ЕУ на Европскиот
парламент и на Советот од 26 Ноември 2014 година, за одредени правила
коишто се однесуваат на надоместувањето на штета согласно
националното право, во случај на повреда на одредби од конкурентското
право на земјите членки и Европската Унија, навидум се подобрува
позицијата на оштетените во однос на достапноста на доказните средства,
информациите потребни за водење на приватните постапки за надомест
на штета итн. Сепак, темелната анализа на решенијата од Директивата
2014/104/ЕУ, како и практиката на ефектуирањето на истата, води кон
малку поинаку заклучоци, односно остава простор за подлабоки и нови
теоретски делиберации на оваа тема, особено со практични ипликации по
правата на оштетените од повреда на правилата на конкурентското право.
Токму оваа дилема е и нашиот главен научен стимул за елаборација на
оваа прашање, и укажување на опасноста од дестабилизирање на
позицијата на едната
versus другата категорија стејходери на правата од
европското конкурентско право.
За потребите на истражувањето ќе се послужиме со аналитичко-
дескриптивниот метод, компаративниот метод, методот на синтеза,
индукција и дедукција.
Клучни зборови: штета, конкуренција, leniency, бизнис сектор, штетеник,
судови

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 11 Feb 2025 10:45
Last Modified: 11 Feb 2025 10:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35703

Actions (login required)

View Item
View Item