Производство на луцерка во Овче поле и проблеми со жолтата трева

Kitanov, Trajce and Arsov, Emilija (2024) Производство на луцерка во Овче поле и проблеми со жолтата трева. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина", 13 Nov 2024, Stip.

[thumbnail of Китанов, Арсов, 2024.pdf] Text
Китанов, Арсов, 2024.pdf

Download (765kB)

Abstract

Луцерката или обичната луцерка (науч. Medicago sativa) е едно од најраспространетите индустриски растенија. Кај нас е познато под името детелина, но сѐ уште се употребува и турцизмот јонџа. Луцерката е топлољубиво растение. Идеална температура за нејзиниот најдобар развој е +33°С. Најдобра почва за нејзиниот развој е песоклива иловица. Има длабок корен кој може да достигне длабочина и до 6 m. Таа е многу добра повеќегодишна култура во плодоредот бидејќи ги црпи P и K од длабоките слоеви, благодарение на длабокиот коренов систем. Луцерката е азото фиксирачко растение што значи ја остава површината богата со N. Заради нејзините хранливи состојки, најчесто се користи за сточна храна. Може да се употребува за сено, зелена маса, луцеркино брашно и др. Сеното од луцерка се смета за најхранливо. При одгледување луцерка со примена на добар агротехнички план може да се добијат добри резултати. Луцерката е повеќегодишна култура и треба да се внимава на плодоредот. На исто место може да се сее после 3-4 години. Како преткултури добри се: пченката, компирот, едногодишните легуминози и стрните жита.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Emilija Arsov
Date Deposited: 13 Jan 2025 11:07
Last Modified: 13 Jan 2025 11:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35407

Actions (login required)

View Item View Item