Vitanovska, Biljana and Dimovska, Violeta and Ilieva, Fidanka (2024) Влијание на технологијата на производство врз некои квалитативни својства, минерали и тешки метали во Маџун од сортата грозје Кардинал. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 13 Nov 2024, Stip. (Unpublished)
Text
kniga_na_apstrakti_2024.pdf Download (1MB) |
|
Text
Влијание на технологијата на производство врз некои квалитативни својства, минерали и тешки метали во маџун од сортата грозје Кардинал.pdf Download (683kB) |
Abstract
Кардинал е трпезна сорта на грозје. Припаѓа во групата на рани сорти. Грозјето е наменето пред за консумација во свежа состојба (трпезно), но поради способноста да концентрира поголема содржина на шеќер е погодна суровина и за дестилати како и за производство на маџун. Маџунот е традиционален производ кој се добива со варење на грозодвиот сок и со вакум технологија. Во оваа истражување беа анализирани 3 примероци маџун од кои 1 примерок (К1) произведен со вакум технологија и 2 примероци (К2 и К3) на традиционален начин. Од квалитативните својства беа анализирани вкупни и поединечни шеќери (фруктоза, гликоза, сахароза и малтоза), суви материи растворливи во вода и вкупни феноли. Во однос на содржината на хидроксиметил фурфурал (HMF), примероците добиени на традиционален начин (К2 и К3) се со значително поголема содржина во однос на примерокот (К1) произведен со вакум технологија. Ова се должи на технологијата на производство односно високата температура (Т0С) и времетрењето на самиот процес. Добиените резултати за содржината на минерали и тешки метали покажаа варијабилност помеѓу примероците, а се должи на условите на одгледување односно составот на почвата, исхраната како и заштитата на виновата лоза.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Violeta Dimovska |
Date Deposited: | 13 Jan 2025 10:19 |
Last Modified: | 13 Jan 2025 10:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35312 |
Actions (login required)
View Item |