Nikolovska, Lence and Angelkoska, Marija (2024) Effectiveness of conventional and complementary medicine in the treatment of patients with lumboischialgia. In: 47th International Scientific Conference: Knowledge in practice, 13-15 Dec 2024, Bansko, Bulgaria.
![KNOWLEDGE INTERNATIONAL JOURNAL.pdf [thumbnail of KNOWLEDGE INTERNATIONAL JOURNAL.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
KNOWLEDGE INTERNATIONAL JOURNAL.pdf
Download (1MB)
![EFFECTIVENESS OF CONVENTIONAL AND COMPLEMENTARY MEDICINE IN.pdf [thumbnail of EFFECTIVENESS OF CONVENTIONAL AND COMPLEMENTARY MEDICINE IN.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
EFFECTIVENESS OF CONVENTIONAL AND COMPLEMENTARY MEDICINE IN.pdf
Download (3MB)
Abstract
Лумбоишијалгија е синдром кој се карактеризира со симптоми на болка по должината на ијатичниот нерв (n. ischiadicus) и е дел од лумбосакралниот нервен плексус. Според статистичките податоци, ишијасот е причина за 65% од случаите на оштетување и губење на симптомите во периферниот нервен систем. Ишијасот има богата етиологија. Како последица, може да се појави дискус хернија, која ќе ги зафати 4-тиот и 5-тиот лумбален пршлен или 5-тиот лумбален и 1-виот сакрален пршлен, притискајќи ги корените на 'рбетните нерви кои излегуваат од таму. Дијагнозата на „ишијас“се поставува по земање на темелна анамнеза и следење на комплексот од симптоми. Состојбата протекува со комбинирани сензорни нарушувања, дисфункција, нарушена рефлексна функција (дисрефлексија), ослабен или зголемен мускулен тонус. Ишијасот се појавува со симптоми на акутна болка по должината на ишијатичниот нерв. Кај синдромот најчесто се манифестира спонтана болка која се протега до задниот дел на бутот и се спушта се до палецот на стапалото. Ако е засегнато стеблото на ишиатичниот нерв или на сакралните корени, ногата е свиткана во колкот во надворешна ротација. Доколку лумбалните корени се примарно засегнати, ногата е свиткана во внатрешна ротација. Степенот на оштетување се проверува со кашлање, кое што ја зголемува болката кога процесот ги зафатил само корените на 'рбетните нерви. За да се постави дијагноза на "ишијас", неопходно е да се испитаат нервните стебла. При свиткување на главата напред, се чувствува болка во долниот дел на грбот - симптом на Нери. Друг начин да се докаже ишијасот е симптомот на Боне - кога колкот се доведува до средната линија на телото, болката се чувствува кога оштетувањето е во ишијатичниот нерв. При абдукција на бутот од средната линија, се чувствува болка како резултат на оштетување на феморалниот нерв (n. femoralis). Кај ишијасот се појавуваат симптоми на нарушена функционалност. Се јавува намалена чувствителност на болка, температура и допир. Вообичаен симптом на синдромот е т.н. „зашеметено одење“ поради трајна пареза на стапалото на зафатениот екстремитет и намален мускулен тонус на задните мускули на потколеницата. Според новите студии за третман на ишијас, се применуваат вежби кои се изведуваат под надзор на физиотерапевт, со цел да се максимизира движењето на мускулите, да се зголеми циркулацијата и снабдувањето со крв во областа и да се освежат ткивата. Третман на Лумбоишијалгија: Во случај на силен болен синдром, се препорачува целосно мирување на пациентот и лежење на тврда подлога во анталгична положба во која не се чувствува болка. Се препорачуваат антиинфламаторни лекови, аналгетици и мускулни релаксанти. Во случаи на неподнослива болка се користат и кортизонски препарати. Понекогаш се применува и локален анестетик - 1% раствор на лидокаин.. По смирување на синдромот на силна болка се препорачуваат терапевтски масажи и гимнастика. Методи на истражување: Истражувањето е спроведено во Рекреативен центар при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип и во Клиничка болница - Штип, во одделите за физикална медицина и кинезитерапија. Во истражувањето се вклучени 18 пациенти со лумбоишијалгија, од кои 10 пациенти се од машки пол, а 8 пациенти од женски пол. Пациентите се поделени во две групи: Контролна и Експериментална. Кај пациентите од Контролната група се применува медикаментозна терапија, Физикална терапија и кинезитерапија. Кај пациентите од Експерименталната група, покрај наведеното, се применува и Капингтерапија Резултати: Резултатите покажуваат дека терапијата со вендузи предизвикува локална ткивна деконгестија во погодената област и намалување на болката. Дискусија: Капинг терапијата е комплементарна техника за деконгестија од областа на традиционалната кинеска медицина. Генерално е индицирана за третман на болки во долниот дел на грбот. Заклучок: Третманот со капингтерапија овозможува локална деконгестија на погодената болна област, зголемена циркулација на крвта, прилив на свежа крв и отстранување на токсините.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Impact Factor Value: | / |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Lence Nikolovska |
Date Deposited: | 16 Dec 2024 13:16 |
Last Modified: | 16 Dec 2024 13:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35244 |