Naskova, Sanja (2024) Кариес во рано детство. In: 47 International Scientific Conference The Power of Knowledge. (In Press)
Text
abstract - Knowledge .pdf Download (202kB) |
|
Text
poster - Knowledge.pdf Download (140kB) |
|
Text
PEREA_EN_2024-1.pdf Download (733kB) |
Abstract
Кариес на млечни заби може да се појави многу рано, набргу после нивното никнување, како последица на лоши навики и неадекватна исхрана. Појавата на кариес во овој период ја потенцираат и одредените потешкотии во одржување на оралната хигиена како и не информираноста на родителите за значењето на млечните заби и можноста за сочувување на нивното здравје. Кариес во рано детство или уште наречен циркуларен кариес претставува специфичен облик на кариес на млечни заби кој од вообичаените форми на кариес се разликува по времето на настанување, локализацијата, текот, терапијата, исходот и последиците. Кариесот е најчесто локализиран во фронтот на максиларните заби и првите молари. За овој вид на кариес се дадени различни имиња како што се рампантен кариес или синдром на шише („baby bottle caries“, „nursing caries“) или уште означен како кариес во раното детство, како дефиниција за активен кариес за возраст од 0-3 години.
За појавата на циркуларниот кариес постојат различни објаснувања иако етиологијата е иста како и кај другите облици на кариес на млечни и трајни заби. Овој вид на кариес е често поврзан со хранењето со шише и употребата на течна, засладена и кашеста храна, чести дневни и ноќни оброци во овој период. Во овој период се формираат лоши навики во исхраната на детето кои може да бидат од исклучително значење за појавата на кариесот. Циркуларниот кариес може да се јави и кај деца кои се хранети на природен начин и немаат користено шише и цуцла но со стекнати лоши навики како долготрајни и чести оброци, задржување на храната во устата и честа и неконтролирана употреба на слатки помеѓу оброците. Циркуларниот кариес се карактеризира со специфична локализација. Се појавува на кариес резистентни, мазни, лабијални и орални површини на инцизивите, канините и млечните молари но и на кариес предилекциони места во фисурите, јамичките и апроксималните површини. Стратегијата на лекување на овој вид на кариес треба да ги вклучи сите можности за стопирање на кариесот или намалување на кариес активноста, служејки се со општи и локални постапки. Општите постапки опфаќаат информација, мотивација совети за превентивни мерки во текот на следните посети. Стопирањето на кариесот и превентивните мерки како што се совети за исхраната, упатства за оралната хигиена и употребата на флуориди мораат да се прилагодат за секој пациент посебно. Локалните постапки опфаќаат професионално чистење, внимателно отстранување на наслагите и мекото ткиво на забот со рачни инструменти, апликација на флуориден лак или тенок слој на глас-јономерен цемент. Техниките на реставративното лекување може да вклучат употреба на глас-јономерни цементи, композитни материјали, компомери и слично.
Протетска терапија на циркуларниот кариес се изведува после завршено конзервативно лекување на забите и екстракција на забите кои не можат да се санираат. Згрижувањето на циркуларниот кариес посебно во поедини тешки случаеви претставува многу сложен и комплициран зафат кој бара добро познавање и на другите стоматолошки дисциплини и големо искуство во работата со деца.
Клучни зборови: кариес во рано детство, млечни заби, деца, терапија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Naskova |
Date Deposited: | 13 Dec 2024 09:43 |
Last Modified: | 13 Dec 2024 09:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35236 |
Actions (login required)
View Item |