Ivanovski, Igor and Despodov, Zoran and Petrov, Gose and Angelov, Vancho (2024) Техничко решение за непредвидени услови-постоење на подземни рударски работи при изградба на експресен пат. Зборник на трудови XV советување Подекс-Повекс 2024. pp. 68-78.
Text
Podeks-Poveks 2024 Igor Ivanovski.pdf - Published Version Download (602kB) |
Abstract
При изградба на Експресниот пат А2, Крива Паланка-Страцин, делница Длабочица – Чатал, еден од предизвиците со кои се соочивме беше постоење на подземен рудник под дел од трасата која го дефинира идниот експресен пат. Основниот проект не предвидел дека во дел од трасата, поточно под Усек 9 се наоѓаат стари подземни рударски простории, на длабочина од 10-15 метри под коловозната конструкција. За таа цел се изработени детални геотехнички истраги, по што е предложено техничко решение. Техничкото решение предвидува изведба на повеќе зафати меѓу кои: изградба на потпорна конструкција
фундирана на колови кои би го стабилизирале делот под коловозот и би оневозможиле формирање на клизна рамнина кај подземната галерија во тој дел од трасата. Потоа, замена
на материјал од подтлото на коловозот со тампонски материјал и зајакнување на тој дел со поставување на геокомпозит од геотекстил и георешетка. И на крај изработка на конструкција фундирана на колови од двете страни на нископите, со изработка на преодна плоча над нив, со цел прифаќање на товарите од возилата и нивно рамномерно распоредување, и избегнување на евентуални слегнувања во тој дел од трасата. Комплетниот пристап за решавање на овој пролем заедно со изведбата на ова компексно решение, како и дел од предизвиците со кои се соочивме се презентирани во овој труд.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Gose Petrov |
Date Deposited: | 04 Dec 2024 09:41 |
Last Modified: | 04 Dec 2024 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35152 |
Actions (login required)
View Item |