Кампинг туризам

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Dzambazovski, Kristijan and Timovski, Riste and Cuculeski, Nikola and Micevski, Mladen (2024) Кампинг туризам. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-21-4

[thumbnail of Kamping turizam.pdf] Text
Kamping turizam.pdf

Download (371kB)

Abstract

Книгата „Кампинг туризам“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со кампинг туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со синергијата на кампувањето и туризмот.
Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја. Во првиот дел од книгата, презентиран е материјалот поврзан со поим и дефинирање на туризмот, регионални специфики на туризмот во светот и современите трендови во туризмот.
Во вториот дел се разгледува материјалот поврзан со теоретските основи на кампинг туризмот, дефинирање на камп, внатрешен ред во кампот, предности и недостатоци на камповите, дополнителни услуги во камповите, шатори, бунгалови, камп приколки и рекреациски возила. Исто така опфатени се историскиот развој на кампинг туризмот, видови кампинг туризам, глампинг туризам понуда на кампинг туризам, побарувачка на кампинг туризам, како и меѓународни искуства поврзани со кампинг туризмот.
Во третиот дел од книгата посветено е внимание на материјалот кој се однесува на статистиката поврзана со кампинг туризмот во Северна Македонија, законската регулатива која е поврзана со кампинг туризмот, правилник за категоризација на камповите, анализа на понудата на камповите во земјата и стратешкото планирање на кампинг туризмот.
Во материјалот се третираат и современите светски тенденции во развојот на кампинг туризмот. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на кампувањето и патувањата поврзани со кампинг туризмот.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со кампинг туризмот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 02 Dec 2024 10:04
Last Modified: 02 Dec 2024 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35098

Actions (login required)

View Item View Item