АРХИМОТИВОТ „ГРАБНУВАЊЕ НЕВЕСТА” ВО ЕПСКАТА ПЕСНА ЗА ТУРУНЏУЛА КАРАВЛАШКИ – СОВРЕМЕНИ ФОЛКЛОРИСТИЧКИ ТОЛКУВАЊА

Vitanova-Ringaceva, Ana (2024) АРХИМОТИВОТ „ГРАБНУВАЊЕ НЕВЕСТА” ВО ЕПСКАТА ПЕСНА ЗА ТУРУНЏУЛА КАРАВЛАШКИ – СОВРЕМЕНИ ФОЛКЛОРИСТИЧКИ ТОЛКУВАЊА. Савремена српска фолклористика 15. ISSN 978-86-7301-210-0

[thumbnail of Современи фолклористички толкувања. Савремена српска фолклористика 13, 2023.pdf] Text
Современи фолклористички толкувања. Савремена српска фолклористика 13, 2023.pdf

Download (389kB)

Abstract

Епската народна поезија е единствениот документ кој сведочи
за Турунџула Каравлашки, автохтон епски јунак, за кој се пее во Струмица и околината. Постоењето на овој епски јунак се наоѓа некаде меѓу историјата и фикцијата, за што говори и неговото име кое има своја семантичка вредност во однос на неговото можно потекло и локализација. Епските песни за Турунџула Каравлашки ја следат матрицата на јуначката епска песна, со мали исклучоци. Во основата на песната за овој јунак е мотивот „грабнување невестаˮ кој се среќава како оска на секоја од песните собрани во книгата на Иван
Котев. Во недостаток на историски прототекст за ликот на Турунџула Каравлашки или каков било запис поврзан со неговото име, во науката се отвора простор за негова споредба со епските јунаци од типот Марко Крале, Момчило Војвода, Болен Дојчин и сл. Парадигмата „jунак граба невестаˮ се простира во песните од јуначкиот епос во кои
централен лик е Турунџула Каравлашки. Во овој труд ќе направиме обид за расветлување на мотивот во песните за епски јунак кој е најмалку познат во балканскиот и јужнословенскиот јуначки корпус, а останал да живее во локалната поетска традиција во југоисточниот дел на Македонија.
Клучни зборови: епска песна, епски јунак, Турунџула Каравлашки, архимотив.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 04 Oct 2024 10:20
Last Modified: 04 Oct 2024 10:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34777

Actions (login required)

View Item View Item