Apasiev, Dimitar (2024) Римско право - учебник. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-277-074-1
Text (Учебник)
РИМСКО ПРАВО Учебник - Апасиев (за репозиториум).pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Овој мој прв универзитетски учебник по Римско право првенствено е наменет за студентите од прва година на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кои овој предмет го слушаат како задолжителен во вториот семестар од додипломските студии. Tој може да им послужи како дополнителна литература при подготовка на семинарските задачи или, пак, за полагањето испити и на студентите на втор циклус постдипломски / мастер студии, а особено на оние кои го имаат оптирано предметот Римско кривично право (во рамки на Казнено–правната насока). Исто така, тој може да им биде корисен и на докторантите од потпрограмата „Римско право“, во рамките на трет циклус студии на државните универзитети.
Учебников е плод на мојата научно-истражувачка и практична работа со студентите, за време на предавањата и на вежбите по предметот Римско право, кои изминативе академски години континуирано ги држев на Правниот факултет при УГД – Штип. Ракописов е и своевиден сублимат и продолжение на двете мои скрипти по Римско право – I и II (од 2015 и од 2019 година), кои досега се користеа како дополнителни учебни помагала.
Имено, римското право, во суштина, беше процесно право, па цениме дека ваквото претставување на организацијата на инокосните и колегијалните органи, кои ја вршеа кривичната јурисдикција во античката римска држава, ќе биде интересно четиво за студентите по право, кои за прв пат се среќаваат со оваа материја од доменот на правната романистика.
Се надеваме дека ваквиот приказ, со посебен акцент на римското јавно, поточно римското судско право, односно, на правосудниот систем на Римјаните од првиот (монархистички / кралски) и од вториот (републикански) период на нивниот милениумски државно-правен развој, ќе им даде на младите правници доволен увид во начинот на тогашното правораздавање, a на подобрите од нив ќе им послужи како појдовна основа за понатамошни попродлабочени истражувања на оваа мошне значајна правно-историска материја.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 25 Sep 2024 06:19 |
Last Modified: | 25 Sep 2024 06:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34699 |
Actions (login required)
View Item |