Специјалитети од турската и бошњачката гастрономија во имплементација во Општините Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани

Koteski, Cane and Petkoski, Gjorgji (2024) Специјалитети од турската и бошњачката гастрономија во имплементација во Општините Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани. In: Седма меѓународна научна конференција Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век »ISCTBL 2024«, 17 May 2024, Skopje-North Macedonia.

[thumbnail of СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ОД ТУРСКАТА И БОШЊАЧКАТА ГАСТОНОМИЈА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, КРУШЕВО, ДОЛНЕНИ И КРИВОГАШТАНИ.pdf] Text
СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ОД ТУРСКАТА И БОШЊАЧКАТА ГАСТОНОМИЈА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, КРУШЕВО, ДОЛНЕНИ И КРИВОГАШТАНИ.pdf

Download (1MB)

Abstract

Турската гастрономија има долга историја и во голема мера претставува наследство од (отоманската кујна), која што може да биде опишана како соединување на централно- азиските и балканските кујни. Турската гастрономија имала влијание на оваа кујна но и на соседните кујни, вклучувајќи ги и оние од западно европската. Турците создале специјалитети, кои денес се познати по различни делови на светот. Освен главните специјалитети кои можат да се најдат низ цела Турција, постојат и бројни регионални специјалитети. Гастрономијата на делот покрај црното море се одликува со употреба на пченка и сардели во готвењето. Во југоисточниот дел на земјата вклучувајќи ги градовите Газиантеп, Урфа и Адана, карактеристични се разните видови на ќебапи, разните мезиња, како и десерти( баклава, кадаиф и кунефе). Во западните делови на Турција, каде што се доста застапени маслиновите засади најчесто се користи маслиновото масло за термичка обработка на јадењата за зачинување на разни видови на салати и сл. Поради тоа што од овај регион се исто така богати со разни видови на риба и зеленчуци. Додека во средишниот дел на Турција, особено во Анадолија, најзастапени или најчесто користени се специјалитетите подготвени од најразлични видови на тестенини, како што се кешкеќот, мантиите и ѓомлезето. Имињата на специјалитетите од Турската, гастрономија знаат да вклучат или да добијат име на некој град или регион. На пример, разликата помеѓу ќебапот урфа и ќебапот адана е во употребата на лукот наместо кромидот и лутиот пипер кој што се става во еден од ќебапите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 13 Aug 2024 10:25
Last Modified: 14 Aug 2024 09:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34524

Actions (login required)

View Item View Item