Артифициелни рефлексии врз просторот

Despot, Katerina and Dzingo, Aleksandar (2024) Артифициелни рефлексии врз просторот. [Show/Exhibition]

[thumbnail of каталог.pdf] Image
каталог.pdf

Download (11MB)

Abstract

Вредноста на уметничките дела создадени со помош на алатките на вештачката интелигенција можеме да ја пронајдеме во содржината на изнесените податоци кои не се ништо друго освен импутирани информативни импулси од човечките досегашни откритија и знаења. Поради тоа внесениот информативен ентитет во човечката креација поседува вредност согледана во уметничкото управување на алатката, се до задоволувачкото решение на авторот од мноштвото избори кои оваа алатка ги нуди, за остварување на конечниот уметнички акт кој што и естетски и практично резонира со перципиентот.
Во оваа втора коавторска соработка помеѓу уметниците д-р. Катерина Деспот и м-р. Александар Џинго, насловена како “Артифициелни рефлексии врз просторот”, ги согледуваме овие процеси преку троделна концептуална поставка, која што го зголемува увидот во art-making принципите.
Почнувајќи од идејно класично обработена апстрахирана формативност и линија, се доаѓа до конечната компонентна форма на делата со помош на AI алатката, која што завршно се доведува до фигурална просторно-предметна употребливост.
Органските слики на авторите, темпераментни преку колоритот и линеарната декоративност, подложени и надоградени преку стилскиот филтер на футуризмот, создаваат други сродни генерирани (AI) слики. Оваа интервенција е одбрана со цел да се дојде до објективизирана форма, која што во себе вклучува просторност и сликовитост на измазнети површини кои создаваат чувство на брзина и светлосни движења на меѓуелементните односи во внатрешноста на генерираната технолошка визуелност.
Екстерниот и ентерниот микро и макро влез на елементарната атмосфера во опредметениот простор, на набљудувачот му овозможува да доживее една надградена естетизација која што има потенцијал да биде технички имплементирана врз било кој предмет во просторот.
Така на крај доаѓаме и до самото објективизирање на уметничко-генерираниот израз, до изразот на референтната постмодерна естетика, која што во даденоста на реалните предмети, ревизионо ги внесува естетските судови за органскиот извор на креацијата, со генеричката надоградба на вештачката интелигенција.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Katerina Despot
Date Deposited: 04 Sep 2024 08:28
Last Modified: 04 Sep 2024 08:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34472

Actions (login required)

View Item View Item