Efremov, Jordan and Namicev, Petar and Miloseski, Slobodan and Dimitrijeva-Kuzmanoska, Vanga and Naumovska, Verica and Jakimovska, Jana and Pecov, Ivo (2024) Фестивал на уметноста „Ликовна визија“ - 2024. [Show/Exhibition]
Text
vizija.pdf Download (866kB) |
Abstract
Ликовната академија го реализираше Фестивалот на уметноста „Ликовна визија“
Во периодот 15 до 17 мај 2024 година се реализираше Фестивал на уметноста „Ликовна визија“, кој се организираше во просториите на Ликовната академија на Универзитетот во Штип.
На манифестацијата се одржуваа ликовни работилници од страна на гости професори и отворање на изложби. Ликовни работилници одржаа професорот м-р Мирослав Живковиќ од Факултетот на уметноста во Ниш и академскиот сликар м-р Ангел Коруновски, академски вајар и мултимедијален уметник од Велес. Притоа се работеше на техниките со акрилни бои, изработка на човечка фигура на жив модел, во техника со молив и јаглен, со кроки цртеж. Групите ги сочинуваа студентите на Ликовна академија и учениците од средните училишта во Штип.
Според програмата, отворена е изложбата „Визии - глава полна со луѓе“ од професорот академски сликар Родољуб Анастасов во просторот на ателјето на Ликовната академија во Штип. Изложбата „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ беше отворена во Домот на културата во Виница на последниот ден од завршувањето на манифестацијата.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Jordan Efremov |
Date Deposited: | 08 Jul 2024 07:46 |
Last Modified: | 08 Jul 2024 07:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34435 |
Actions (login required)
View Item |