Алманах на Македонскиот фронт 1915-1918

Cackov, Oliver and Ilieva Nikolova, Anita (2024) Алманах на Македонскиот фронт 1915-1918. НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, Радовиш. ISBN 978-608-242-157-5

[thumbnail of ALMANAH (Repozitorium UGD).pdf] Text
ALMANAH (Repozitorium UGD).pdf

Download (241kB)

Abstract

Во годината кога ја одбележуваме 110-годиш-
нината од почетокот на еден од најтрагичните
настани во светската историја, Првата светска војна
(1914 – 1918), чувствуваме зголемена одговорност
пред објавувањето на оваа наша најнова, четврта
книга од едицијата посветена на микро и макро
– историското истражување и (пре)откривање на
периодот на Големата војна и особено случувањата
на Македонскиот фронт, од причина што таа има за
цел да понуди поинакво разбирање на еден елемент
од овој глобален конфликт, како своевидно упо-
риште на научното гледиште, прикажано плура-
листички и мозаично, а не шематски и еднозначно.
Следејќи го континуитетот на научноистражу-
вачкиот интерес на претходните три книги:
Лексикон на Македонскиот фронт (1915 – 1918),
25-от час на Македонскиот фронт (1915 – 1918)
и Македонскиот фронт низ фотографии (1915 –
1918), сите објавени во 2023 година, Алманах на
Македонскиот фронт (1915 – 1918), има за цел
да ги рефлектира главните елементи и вредности
коишто се однесуваат на војната на Македонскиот
фронт, во соодветниот временски период од три
години, коишто, според нашето длабоко уверување,
може да претставуваат платформа за нов увид
или, попрво, критички ангажман на читателите во оформувањето сопствени размислувања, знаење и
заклучоци за оваа тематика.
Се разбира, книгите од ваков тип повеќе се
вреднуваат како целина, отколку воопштено. Во
нивната фрагментираност на ниво на одредници,
нужно може да се случат и пропусти, коишто, во
секој случај, ќе бидат надминати во некое второ,
дополнето и проширено издание.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Oliver Cackov
Date Deposited: 01 Jul 2024 09:16
Last Modified: 01 Jul 2024 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34400

Actions (login required)

View Item View Item