Radeska, Elena and Gjorgievska, Elizabeta and Simonoska, Jasna and Dimkov, Aleksandar and Poposki, Bojan and Nikolovski, Bruno (2024) Одредување на pH вредноста и присуството на фосфати во плунка кај 9 - годишни деца при користење на Mizuha Fuji четките. In: II Macedonian Pedodontic Congress, 30 May - 01 June 2024, Skopje.
Text
ОР12- Одредување на pH вредноста и присуството на фосфати во плунка.pdf - Published Version Download (3MB) |
|
Slideshow
OP- Одредување на pH вредноста и присуството на фосфати во плунка кај 8-9 годишни деца при користење на Mizuha четките.pdf - Published Version Download (1MB) |
|
Text
Програма-pedodontic congress.pdf Download (7MB) |
Abstract
Вовед: Пуферскиот капацитет на плунката е многу важен индикатор за низа орални и системски заболувања. Бикарбонатите се главниот пуфер во стимулираната плунка, додека па фосфатите се оној дел од пуферскиот капацитет што ја надополнува функцијата на бикарбонатите. pH-вредноста на плунката е во дијапазон од 6,2-7,6, ондосно во просек 6,7. Нестимулираната плунка има вредност од околу 6,3. Сепак вредноста на pH има дневни варијации во корелација со типот на храна и голем број на фактори присутни во оралната празнина.
Цел на трудот: да се направи споредба меѓу вредностите на фосфати и pH на плунката пред и по четкање на забите кај 9 годишни деца со Mizuha Fuji четките и мануелните четки за заби.
Материјал и метод: Во студијата беа вклучени 114 деца на 9 годишна вредност кои беа поделени во 3 групи, односно по 38 деца во секоја група. Беа користени мануелни четки за заби и Mizuha Fuji четки. Одредувањето на присуството на фосфатите во плунка пред и по четкањето беше направено со phosphomolybdate/uv спектрофотометриски. Вредностите на pH на плунката пред и по четкањето на забите беше одредена со помош на pH-метар LLG-pH meter 7.
Резултати: Резултатите покажаа дека во просек pH на плунката пред четкање на забите изнесува околу 7,174, додека пак после четкањето околу 7,593. Во однос на фосфатите пред и по четкање на забите, нивното присуство при низок pH ја зголемува неговата вредност, додека пак при висока вредност на pH, интеракцијата на фосфатите ја намалува неговата вредност.
Заклучок: Во однос на присуството на фосфатите пред и по четкањето на забите дојдовме до заклучок дека се во корелација со pH-вредноста на плунката и исто така нивното присуство зависи од тоа дали е употребена или не паста за заби богата со флуориди. Пред четкање на забите имаме понизок pH, односно повисока pH-вредност по четкање на забите.
Клучни зборови: плунка, фосфати, pH-вредност, Mizuha Fuji четки.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bruno Nikolovski |
Date Deposited: | 11 Jun 2024 08:54 |
Last Modified: | 11 Jun 2024 08:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34257 |
Actions (login required)
View Item |