Кон концертот „Оперски приказни“,

Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2024) Кон концертот „Оперски приказни“,. Sloboden pecat.

[thumbnail of Текст за музички настан.pdf] Text
Текст за музички настан.pdf

Download (132kB)
[thumbnail of operski prikazni.jpg]
Preview
Image
operski prikazni.jpg

Download (290kB) | Preview

Abstract

Концертната приредба на еден вокален уметник најдобро е кога ќе се доживее во моментот, како завршено уметничко дело, кога ќе ја напуштите салата задоволни, полни со музика и ќе понесете впечатоци што бавно се бришат од сеќавањата на љубителите на оперската музика. Впечатокот е дотолку посилен кога музичарите се млади, надежни, полни со младешки ентузијазам поттикнат од нескриената желба да го пренесат растежот во своето интерпретаторско созревање и да се докажат како перспективни и талентирани солисти.
Накусо, тоа би била импресијата од настапот на Билјана Камчева Божиновска, сопран, во пијано придружба на Андреј Наунов, кој се одржа на 13ти мај во Фоајето на НОБ, а беше посетен од голем број љубители на оперската уметност. На програмата на концертот беа арии што обично значат синоним на она што се нарекува популарно во оперската литература, но и со голема специфична вокална тежина и со изведувачко-теничка сложеност на улогите на Мими од „Боеми“ на Џ. Пучини, Виолета од „Травијата“ и Ленора од „Трубадур“ на Џ.Верди, и Неда од „Палјачи“ на Р.Леонкавало. Изборот на репертоарот е осмислен и програмски конципиран помеѓу улоги на лирскиот сопран и драмскиот, со што младата Билјана Камчева-Божиновска сака да придонесе кон избалансиран уметнички пристап во толкување на различни оперски карактери.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Stefanija Leskova Zelenkovska
Date Deposited: 27 May 2024 13:44
Last Modified: 27 May 2024 13:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34169

Actions (login required)

View Item View Item