Фестивал за современа музика 2023 на МА при УГД Штип

Velkovska-Trajanovska, Valentina and Miteva, Zlatka (2023) Фестивал за современа музика 2023 на МА при УГД Штип. [Project]

[thumbnail of festival za sovremena muzika 2023 Stip.pdf] Text
festival za sovremena muzika 2023 Stip.pdf

Download (431kB)

Abstract

Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во понеделник 05 јуни во уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, со свечено отворање започнува првото издание на Фестивалот за современа музика на Музичката академија 2023.
Фестивалот има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но воедно и нуди можност на македонската публика да слушне настапи и концерти на веќе афирмирани уметници.
Современа музика е дел од програмата на светските концертни сцени и го буди интересот кај широкиот аудиториум. Сакајќи да ги пренесеме пoзитивните трендови од најпознатите музички центри го формиравме Фестивалот на современа музика на Музичката академија. На фестивалот ќе настапуваат афирмирани уметници, но и млади музичари, студенти кои ќе ја промовираат музиката настаната во 20-от век, па до денес. Публиката во Штип и пошироко ќе има можност да слушне квалитетни концерти и поблиску да се запознае со современата музика, а со тоа да биде дел од современиот концертен музички свет.
Потребата за формирање и реализација на првиот фестивал за современа музика на Музичката Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип е афирмација и популаризација на македонските артисти, вмрежување со меѓународни артисти и фестивали, формирање на нов концертен подиум за студентите од Музичката академија и следење на музички трендови во областa на музичката уметност.
Во својата програма, првото издание на фестивал се води пред се кон промоција на класичната музика на 19 и 20-от век и современата музика.
Раководители на проектот: Златка Митева, декан и Валентина Велковска-Трајановска, продекан

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Valentina Velkovska Trajanovska
Date Deposited: 27 Feb 2024 11:55
Last Modified: 27 Feb 2024 11:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33773

Actions (login required)

View Item View Item