Spirova, Lolita and Balabanova, Biljana (2023) Минералите во растителна и животинска храна и исхрана. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, Stip, Republic of North Macedonia.
Text
Книга на апстракти IVстудентска конференција - Балабанова - Спирова.pdf Download (733kB) |
|
Text
Презентација - Лолита Спирова.pdf Download (6MB) |
Abstract
Минералите се неоргански хранливи материи, потребни во мали количини во просек од < 1 до 2500 mg на ден, во зависност од минералот. Како и кај витамините и другите основни хранливи материи во храната, потребите за минерали варираат кај организмите. Калциумот (Ca) како значаен минерал влегува во градбата на коските и претставува значаен кофактор за оптимална функција на нервните клетки и мускулите. Фосфорот (P) е важна состојка на аденозин трифосфат (ATP) и претставува суштински елемент во одржувањето на киселинско-базната рамнотежа. Железото (Fe) е минерал којшто претставува структурен елемент во хемоглобинот, кој е одговорен за транспортот на кислород кај хуманата популација. Железото е исто така важна компонента на цитохромите коишто учествуваат во процесот на клеточното дишење. Магнезиумот (Mg), бакарот (Cu), селенот (Se), цинкот (Zn), манганот (Mn) и молибденoт (Мо) се важни кофактори коишто учествуваат во структурата на одредени ензими и се есенцијални компоненти во бројни метаболитички процеси. Натриумот (Na), калиумот (K) и хлорот (Cl) се важни за одржување на осмотската рамнотежа помеѓу клетките и интерстицијалната течност.
Согласно наведеното, минералите се есенцијален дел во исхраната на хуманата популација, заради што е неопходно истите континуирано и во доволни количини да се внесуваат преку храната од растително и животинско потекло. Познавањето на биохемијата на минералните елементи е исто така од суштинско значење со цел да се обезбеди оптимален внес на истите во исхраната. Целта на овој труд е да се направи преглед на просечната содржина на позначајните минерали во разни производи на храна од растително и животинско потекло, како и да се утврдат аналитичките техники за прецизно одредување на содржината на минералите во разни производи на храна. Аналитички лидер во идентификацијата на содржината на минералните елементи претставува индуктивно спрегната плазма со масена спектрометрија (ICP-MS). Оваа инструментална техника обезбедува детерминација на минералниот профил со повеќе од 50 изотопи, вклучувајќи ги и елементите во траги.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries Natural sciences > Chemical sciences Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Biljana Balabanova |
Date Deposited: | 12 Feb 2024 14:04 |
Last Modified: | 12 Feb 2024 14:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33544 |
Actions (login required)
View Item |