Подобрување на организацискиот пристап при реализација на практичната настава во компании

Arsov, Emilija and Trajkova, Fidanka and Balabanova, Biljana and Markova Ruzdik, Natalija and Nakov, Dimitar and Atanasova, Biljana (2023) Подобрување на организацискиот пристап при реализација на практичната настава во компании. [Project]

[thumbnail of Реализација на практичната настава во компании.pdf] Text
Реализација на практичната настава во компании.pdf

Download (117kB)

Abstract

Имајќи го предвид подоброто поврзување на високото образование со потребите на приватниот сектор, образовните програми ги сочинуваат часови планирани за теориска наобразба кои се реализираат од страна на факлултетот и часови планирани за практична наобразба кои во идеални услови треба да се реализираат на самото работно место, односно во компанија од областа.
Иако овој принцип на реализација на наставата се имплементира во државата, сепак недостига системско регулирање на целиот процес. Со цел подобрување на квалитетот на реализација на практичната настава на работното место, потребна е едукација на компаниите кои примаат студенти на практична настава, процес кој е прилично дефиниран и соодветно регулиран во средното стручно образование.
Користејќи ги искуствата од реализација на практичната настава во средното стручно образование, намерата е да се вградат во системот на високото образование. Имајќи го предвид различниот пристап при реализација на наставата согласно комплексноста на образовниот степен соодветни прилагодувања на системот треба да се направат и соодветно да се регулираат.
За таа цел, Факултетот во соработка со Центарот за стручно образование и компаниите од регионот, пилотираат активност која треба да покаже на потенцијалните проблеми при реализацијата на практичната настава во компанија за студентите во високото образование. Дел од компаниите се запознати со концептот на учење преку работа, а дел од нив имаат сертифицирани ментори (согласно Законот за стручно образование и обука). Ова знаење претставува база на која ќе се надоградуваат активностите во високото образование.
Проектот е финансиски подржан од Хелветас Швајцарска Интеркооперација (ХСИ) од Швајцарија подружница во Скопје, за потребите на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија, фаза 2”

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Emilija Arsov
Date Deposited: 31 Jan 2024 11:36
Last Modified: 31 Jan 2024 11:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33354

Actions (login required)

View Item View Item