Arsov, Emilija and Trajkova, Fidanka (2023) „Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“. [Project]
Text
Проект „Развој на менторска програма..“.pdf Download (157kB) |
Abstract
„Развој на менторска програма за високото образование во земјоделството“ финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ и проектот Образование за вработување во Северна Македонија - E4Е@mk
Основната потреба на човекот и општеството е квалитетна и здрава храна која е главен предуслов за здрав живот. Ситуациите во последните години кои ни беа наметнати го дадоа одговорот на едно од најважните прашања на животот: Што е она без што не можеме да го замислиме новото изгрејсонце? Потребата од храна. Секој работен ден, ден со многу или малку обврски поминува со мислата „Што вкусно, здраво, полно со витамини би јаделе денес“?
Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во рамките на својата наставна дејност, изведувана во матичниот наставен центар во Штип, како и на дисперзираните студии во Кавадарци и Струмица, е посветен на високообразовна и научно-истражувачка дејност во областа на агротехниката, биотехнологијата, селекцијата и генетиката, заштитата на растенијата, полјоделството и градинарството, овоштарството и лозарството, сточарството, преработката на земјоделските производи и контролата на прехранбените производи.
Покрај задолжителната пракса за студентите (месец дена во одреден период од годината), разработуваме модел на конекција на фирмите со студентите од III и IV година на Земјоделски факултет, преку воведување на практични денови во текот на студиската недела на студентите кога немаат часови предавања (за да може целосно да се вклопат во еден производен процес, да бидат дел од него и да ја научат азбуката на производството од А до Ш).
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Emilija Arsov |
Date Deposited: | 22 Jan 2024 11:28 |
Last Modified: | 22 Jan 2024 11:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33212 |
Actions (login required)
View Item |