Mihailov, Stefan and Arsov, Emilija (2023) Производство на цвеќе во контролирани услови – предизвици и проблеми. In: IV студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина", 09 Nov 2023, Stip.
Text
Stefan Mihailov & Emilija Arsov 2023.pdf Download (736kB) |
Abstract
Цвеќарството е дел од земјоделското производство кое има значајна улога во eкономскиот развој. Историјата сведочи дека од настанокот на човековата цивилизација, цвеќето било одгледувано за лекување, зачин, користено во различни обичаи и ритуали, а дури потоа се користело и како украс. Во минатото, цвеќето било привилегија за богатите луѓе, а обичните луѓе не смееле да одгледуваат цвеќе. Во Персија, најчесто се одгледувале лалиња, нарциси, ружи и други видови на цвеќиња. Римјаните вештината за одгледување цвеќе ја добиле од Египет и Персија, и понатаму толку ја развиле што производството на цвеќе ги потиснало сите останати земјоделски производи. Денес, секој може да одгледува и чува цвеќиња во своите дворови, градини и домови. Во Македонија претежно се произведува режано цвеќе (каранфил, гладиола, хризантема, кала, гербер и др.) кое се смета и за најпродавано цвеќе, кое може да се најде како производ на цветните пазари, цвеќари, градинарски центри и др. кои се сметаат како главни пазари за трговија со цвеќе во нашата држава.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Emilija Arsov |
Date Deposited: | 18 Jan 2024 10:39 |
Last Modified: | 18 Jan 2024 10:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33208 |
Actions (login required)
View Item |