Gogova Samonikov, Marija (2023) Современи финансии. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-277-003-1
Text
книга Марија Гогова Самоников.pdf - Published Version Download (366kB) |
Abstract
Учебникот „Современи финансии“ од авторот, проф. д-р Марија Гогова Самоников претставува заокружена целина на темите поврзани со постулатите за постоењето и функционирањето на сите актуелни и нови финансиски случувања кои се проткајуваат веќе некое време низ финансиските пазари и заземаат укотвени позиции. Учебникот е наменет за изучување на предметот „Финансиска регулација“ и „Современи финансиски тенденции“ од страна на студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, на насоката Финансии на прв циклус на студии.
Учебникот е креиран врз основа на потребата од создавање учебно помагало кое на студентот ќе му овозможи формирање на слика за целокупното функционирање на финансиските системи. Финансискиот систем разгледуван од научен аспект претставува една комплексност, составена од повеќе домени и аспекти кои се однесуваат на неговите постулати на функционирање, соодветни норми, потоа трендови кои овозможуваат циркулација на паричните и останати средства, а тие влијаат на создавање посебни потсистеми кои го карактеризираат финансиското законодаство од една страна и децентрализираните финансии од друга страна.
За таа цел, учебникот се одликува со голема теоретска и практична значајност, како за студентите, така и за сите останати субјекти кои имаат интерес за проучување на финансиите во целина и неговите основни постулати.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Marija Gogova |
Date Deposited: | 18 Jan 2024 10:33 |
Last Modified: | 18 Jan 2024 10:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33204 |
Actions (login required)
View Item |