Производство на рукола во заштитен простор

Ristomanov, Hristijan and Trajkova, Fidanka (2023) Производство на рукола во заштитен простор. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of Книга на апстракти, IVстудентска конференција - Ристоманов и Трајкова.pdf] Text
Книга на апстракти, IVстудентска конференција - Ристоманов и Трајкова.pdf

Download (415kB)
[thumbnail of ПРОИЗВОДСТВО НА РУКОЛА ВО ЗАШТИТЕН ПРОСТОР - Христијан Ристоманов.pdf] Slideshow
ПРОИЗВОДСТВО НА РУКОЛА ВО ЗАШТИТЕН ПРОСТОР - Христијан Ристоманов.pdf

Download (1MB)

Abstract

Рукола (Eruca vesicaria (L.) Cav.), е едногодишно зелјесто растенија од фамилијата Brasiccaeae, природно распространена во областа на Средоземјето. Руколата е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус, богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин С, фолна и пантотенска киселина. Во исхраната се користи како салата или компонента во мешани салати за подобрување на аромата и вкусот. Руколата се произведува на отворено, на почва и во хидропонски системи во заштитен простор. Во Република Северна Македонија, руколата е релативно нова култура и се одгледува главно на мали површини во заштитен простор. Руколата во заштитен простор може да се одгледува во текот на целата година со примена на потребните агротехнички мерки како обработка на почва, сеидба во редови, меѓуредова нега на посевот и рачна берба. Од сеидба до берба поминуваат 35-40 дена и бербата може да се извршува повеќе пати во една вегетативна сезона. Руколата во заштитен простор дава принос до 2 kg/m2, односно 2-2,5 тони/декар. Одгледувањето рукола во заштитен простор е едноставно и за искусни производители и за почетници.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 16 Jan 2024 10:12
Last Modified: 16 Jan 2024 10:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33149

Actions (login required)

View Item View Item