Производство на јагоди во вертикален систем

Bajlozova, Martina and Trajkova, Fidanka (2023) Производство на јагоди во вертикален систем. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of Книга на апстракти, IVстудентска конференција - апстракт Бајлозова и Трајкова.pdf] Text
Книга на апстракти, IVстудентска конференција - апстракт Бајлозова и Трајкова.pdf

Download (416kB)
[thumbnail of ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАГОДИ ВО ВЕРТИКАЛЕН СИСТЕМ - Мартина Бајлозова.pdf] Text
ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАГОДИ ВО ВЕРТИКАЛЕН СИСТЕМ - Мартина Бајлозова.pdf

Download (748kB)

Abstract

Јагодата е широко распространет хибриден вид од родот Fragaria кои се одгледуваат ширум светот поради плодовите. Овошјето е широко ценето поради неговата карактеристична арома, светло црвена боја, сочната текстура и сладост. Се консумира во големи количини, свежо или во приготвена храна како џем, сок, пити, сладолед, милкшејкови и чоколади. Вештачките вкусови и ароми на јагоди се исто така широко користени во производи како што се бонбони, сапун, сјај за усни, парфеми и многу други производи. Јагодата се одгледува секаде во светот, но речиси половина од светското производство на јагоди е од Кина. Јагодата може да се одгледува на различни начини, на отворено и во заштитен простор, како самостојна култура и како поткултура во овошни насади, како едногодишна и повеќегодишна култура, на почва или на мулч. Во заштитени простори може да се одгледува во пластеници или во оранжерии. Пластениците и оранжериите можат да бидат со загревање или без загревање. Единствената фирма во Република Северна Македонија за прозводство на јагоди за свежа консумација во вертикален систем се наоѓа во Богданци. Површината на која се одгледуваат јагодите изнесува 6 000 m2 со вкупно 80 000 растенија. Сортите Elsanta, Alba, Rumba и Clery се одгледуваат на супстрат во вертикален сад со вкупно 32 растенија по сад. Периодот на берба започнува од 20 март и трае се до средината на мај. Просечен принос од едно растение изнесува од 400-500 g, односно вкупен просечен принос од целата површина е 40 тони.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 16 Jan 2024 10:10
Last Modified: 16 Jan 2024 10:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33147

Actions (login required)

View Item View Item