Andonova, Radica and Trajkova, Fidanka and Koleva Gudeva, Liljana (2023) Производство на цвеќе како семеен бизнис. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, Stip, Republic of North Macedonia.
Image
Книга на апстракти, IVстудентска конференција - апстракт Андонова, Трајкова и Колева Гудева.pdf Download (416kB) |
|
Slideshow
ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВЕЌЕ КАКО СЕМЕЕН БИЗНИС - Радица Андонова.pdf Download (2MB) |
Abstract
Цвеќарство или флорикултура е сегмент од хортилкултурата кој се занимава со одгледување на цветни и декоративни растенија во индустријализирана форма за украсна намена. Одгледувањето може да биде на отворено или во заштитен простор. Цвеќарството вклучува садници, саксиско цвеќе, билки и режано цвеќе. Во наши услови производството на цвеќе е семеен бизнис кој се развива на мали парцели, а произведеното цвеќе главно се продава по цветните пазари. Кај нас производството главо е во пластеници, а само мал дел е во стакленици. Оваа комерцијално успешна гранка е распространета низ целиот свет. Во Република Северна Македонија, производството на цвеќе како дејност најмногу е присутно во јужниот и југоисточниот дел од државата, пред се заради поволните услови. Цвеќе се произведува на отворено и во зашитен простор. ФЛОКС АН ДООЕЛ е фирма која се занима во производство на цвеќе во заштитен простор како семеен бизнис. Најчести видови цвеќе кои се произведуваат се: бегонија, газанија, темјанушка, сардела, циклама, јаглика, петунија, вербена, хризантема и каранфил. За успешно производство на околку 80 000 растенија годишно се практикуваат одредени агрохенички мерки специфични за производство на цвеќе во заштитен простор. Производството на цвеќе во наши услови најчесто е семеен бизнис и затоа бара упорност и посветеност на целото семејство.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Fidanka Trajkova |
Date Deposited: | 16 Jan 2024 09:11 |
Last Modified: | 16 Jan 2024 09:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33146 |
Actions (login required)
View Item |