Модели на градење на нациите и национализмите на Балканот

Stojanovski, Strasko (2023) Модели на градење на нациите и национализмите на Балканот. In: Прва меѓународна научна конференција на Институтот за историја и археологија, 23 Nov 2023, Stip.

[thumbnail of Програма со  книга на апстракти.pdf] Text
Програма со книга на апстракти.pdf

Download (609kB)
[thumbnail of Програма (1).pdf] Text
Програма (1).pdf

Download (229kB)

Abstract

Прашањето за градењето на балканските нации и национализми се поврзува со општите глобални трендови, временски детерминирано во 19 и почетокот на 20 век. Кога се зборува за институционалната и историска контекстуалност, нациите се формираат на териториите кои произлегуваат од двата империјални модели-Османлискиот и Австро-унгарскиот (пред 1867 Хабзбуршкиот). Нациите и национализмите настануваат како резултат на судирот, или подобро кажано синтетичноста на традиционалната империјална поставеност и новата индустриска идеологија како логички супституент на доминацијата на религијата во политичката мобилизација. Оттука, просветителството и особено романтицизмот ќе одиграат важна улога во она што многу историографии го нарекуваат „национално будење“.
Теоретските фундаменти и гледишта во проучувањата на нациите и национализмот, иако концептуално карактеристични за современата интелектуална мисла, се потполно аплиабилни за периодот на формирањето на сите балкански нации. Покрај неминовниот фактор на политичката контекстуалност и геополитичките позиционирања на големите сили и нивните несомнени влијанија, може да се лоцира и јасен автохтон елемент за секоја од балканските нации и нивните национализми. Од аспект на моделите на градење на нацијата, сегментирано, во фази, но и систематски преку институциите на верските и државните институции, може да се забележи присуството и на политичкиот, граѓански национализам, но и на оној кој се темели на органските културни карактеристики на етничката заедница. Во рамките на Османлискиот политички контекст, нациите поминуваат низ фазите на панправославие, панславизам и чист национализам. Спецификите се можни во примерот на градењето на грчката нација-држава и нациите кои се поврзани или произлегуваат од муслиманскиот идентитетски дискурс. Кај примерот на македонскиот протонационализам јасно се воочуваат претходноспоменатите етапи, со специфични карактерни озобини во кои се забележува, прво, политичко и идентитетско произведување на терминот Македонија и македонски од средината на 19 век, второ, како резултат од реакцијата на балканските пропаганди, градење на посебно политичко чувство на припадност кон македонството, независно од останатите, пред се словенски држави и трето, преку делото на Мисирков, јасно проектирање на етничката природа на Македонскиот национален идентитет. Се разбира, целосното оформување на нацијата неминовно бара присуство на сопствен политички и национален ентитет, т.е. држава.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 16 Jan 2024 12:21
Last Modified: 16 Jan 2024 12:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33077

Actions (login required)

View Item View Item