Stojanovski, Strasko (2023) Нации и национализам. Other. Универзитет „Гоце Делчев“-Штип.
Full text not available from this repository.Abstract
Денешниот свет на сличности и разлики е производ на модерното време, кое подеднакво ги генерира интелектуалните приоритети на академската мисла, но и индивидуалните визии на секој поединец во однос на перцепцијата на опкружувачката реалност. Така, покрај физичките манифестации, како архитектура или уметност, светот околу нас е одбележан и со институционалните рамки на државата, вклученоста или исклученоста на граѓанинот во креирањето на политичките и економските процеси, но и индивидуалните или групни форми на идентификација, верување или идеализирање на истата таа „реалност“.
Светот денес е одбележан со функционирањето на суверените држави кои се темелат на неколку особености, од кои најзначајни се: суверенитетот (обединува власт, територија и население), граѓанството (вклучува формално-правна рамка, според која статусот на секој член на одредена држава е еднаков, со исти права, обврски и можности за партиципативност во политичките процеси), пазарната економија (која се врзува со гарантирањето на сопственоста и формално обезбедување на еднакви можности за акумулирање на материјални добра), како и идеологијата (национална, политичка или класна, како алтернативен секуларен супституент на религијата во насока на мобилизација на народните маси). Кон крајот на 20 век ваквите претпоставки се проширени со глобализацијата и универзализацијата подеднакво и на вредностите, но и на глобалната политичка поставеност на светскиот поредок, при што демократијата е понудена како „супериорен“ политички облик на уредување.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Political Science Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Strasko Stojanovski |
Date Deposited: | 22 Dec 2023 11:05 |
Last Modified: | 22 Dec 2023 11:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33076 |
Actions (login required)
View Item |