Angelov, Goranco (2023) Зурла и тапан, звучна асоцијација од минатото во современи контексти. In: Македонски фолклор (Macedonian folklore). Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, pp. 215-236.
Text
Makedonski folklor - Gorancho_Angelov-Zurla-i-tapan-215-236.pdf Download (1MB) |
Abstract
Имајќи ја предвид општата глобализација и различните влијанија во секоја сфера од човековото живеење, треба да се земе предвид фактот дека оваа глобализација не ја одминала и македонската музичка инструментална и вокална традиција. Со самото тоа што во најголем дел музичката традиција веќе одамна ја има напуштено својата природна средина, таа треба да се согледа и во своите современи контексти, односно каде, во кои моменти и во која форма од човековото живеење е присутна.
Во овој текст, нашето истражување ќе биде фокусирано на зурлаџиската музика, која несомнено и во 21 век зазема значајно место во различни контексти. Истовременото свирење на две зурли и еден или два тапани е специфика на зурлаџиската музика, која, со векови, го задржала својот карактеристичен звучен тембр. Оваа уникатна звучна и визуелна содржина и во денешно време е присутна во својата традиционална појава, но сѐ поприсутна е појавата на напуштање на традиционалновоспоставената форма на употреба на зурлата и на тапанот и тие се среќаваат како дел од оркестри со современи инструменти. Зурлаџиската музика, односно зурлите и тапаните можат да се слушнат и на многубројни аудиозаписи и на различни медиуми, каде што се чува оваа музика во традиционална и во нетрадиционална форма. Оваа појава ќе ја опфатиме во зададената тема согледувајќи ги инструментите зурла и тапан како носители на зурлаџиско-тапанџиската музика во денешни услови кога нивната функција е со нивната звучна и визуелна појава да внесат дел од постарата традиција во современото, односно, на некој настан, во 21 век да внесат дел од традиционалната музика и од инструментите, кои во минатото биле главни музички двигатели.
Клучни зборови: зурла, тапан, зурлаџиска музика, традиција
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Goranco Angelov |
Date Deposited: | 26 Dec 2023 08:36 |
Last Modified: | 28 Dec 2023 08:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33038 |
Actions (login required)
View Item |