Vitanova-Ringaceva, Ana and Miceva, Suzana (2023) Современиот македонски фолклорист Иван Котев - мост меѓу македонската и српската фолклористика (фактографско-аналитички пристап). Савремена српска фолклористика XII. ISSN ISBN: 978-86-7301-193-6
Text
Современиот македонски фолклорист Иван Котев - мост меѓу македонската и српската фолклористика.pdf Download (876kB) |
Abstract
Далечната 1970 година Македонскиот институт за фолклор ќе
направи мрежа од „дописници“ или соработници, кои ќе прибираат изворни фолклорни материјали од различни делови на Македонија. Визионерството на еден таков подвиг ќе се види децении подоцна во делото на еден од најистрајните, но и највредни собирачи на фолклор во Македонија и Југоисточна Европа. Иван Котев не само што почнал да запишува, туку и го дешифрирал, го проучувал, издавал, но и истражувал фолклорот на Македонците во Југоисточниот дел на земјата и пошироко, во балкански контекст. Она што низ својата научно- истражувачка и собирачка дејност го правел изминатите пет децении е сериозен влог во балканската фолклористика. Котев низ годините презентирал свои трудови на голем број меѓународни симпозиуми и конференции, а меѓу нив особено вреди да се спомне неговата улога во поврзувањето на фолклорот и истражувањата меѓу Македонија и Србија. Во овој труд, тргнувајќи од аналитичко-фактографскиот пристап ќе се обидеме да ја прикажеме неговата дејност и начинот на
кој тој го поврзува фолклорот во двете земји.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 17 Jan 2024 12:53 |
Last Modified: | 17 Jan 2024 12:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32826 |
Actions (login required)
View Item |