Arsov, Emilija and Mitrev, Sasa (2023) Растителна вирологија - општ дел. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип, Земјоделски факултет. ISBN 978-608-277-001-7
Text
Учебник Растителна вирологија - општ дел. 2023 ФИНАЛНО.pdf Download (6MB) |
Abstract
Вирусите во последните две децении заземаат сѐ поважно место во систематизацијата на патогените и претставуваат важна група на микроорганизми за теоретско проучување и лабораториски истражувања.
За успешно проучување на основните карактеристики на вирусите, за потребите не само на студентите кои се специјализираат во областа на вирологијата, но и за сите оние кои прават лабораториски истражувања, како и за производителите на различни земјоделски култури, се наметна потребата од ова издание за растителните вируси.
Основната содржина на книгава се состои од проучување на: општи карактеристики на вирусите, однос помеѓу вирусите и растенијата домаќини, епидемиологија и мерки и начини на уништување на вирусите.
Учебникот Растителна вирологија – општ дел, како наставно градиво пред сѐ е наменето за студентите од првиот циклус на студии на Земјоделскиот факултет - на студиската програма Фитомедицина – заштита на растенијата, како и за студентите на студиската програма Биологија, за да може покрај познавањата од Општа фитопатологија, своето знаење да го продлабочат во областа на вирологијата (наука меѓу живо и неживо).
Во однос на јазикот и стилот на пишување, книгата може да послужи и на пошироката стручна јавност и сите оние кои имаат интерес во растително производство, со цел да се запознаат со дел од проблемите со кои може да се соочат при производството.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Emilija Arsov |
Date Deposited: | 20 Nov 2023 10:37 |
Last Modified: | 20 Nov 2023 10:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32591 |
Actions (login required)
View Item |