Костимографија за театарската претстава “The Birthday Party“ по текст на нобеловецот Harold Pinter

Kertakova, Marija (2023) Костимографија за театарската претстава “The Birthday Party“ по текст на нобеловецот Harold Pinter. [Project]

[thumbnail of Harold Pinter - The Birthday Party - PDF.pdf] Text
Harold Pinter - The Birthday Party - PDF.pdf

Download (5MB)

Abstract

Во идејната реализација на проекцијата на костими за театарската претстава „Роденден“ по текст на нобеловецот Харолд Пинтер, а во режија на познатиот режисер Васил Христов-Вуси, учествуваа студентите од насоката „Дизајн на текстил и облека“ под менторство на проф. д-р Марија Ќертакова.
Проектот е интердисциплинарен и интегрира повеќе предмети кои студентите ги изучуваат во четирите учебни години: костимографија, моден проект, модна илустрација, историја на облека и дизајн, моден дизајн, психологија на облекување, колекција, современа уметност и дизајн, социологија на мода, дизајн на текстил и облека, креирање на облека, конструкција и моделирање на облека, технологија за изработка на облека, организација и менаџмент...
Она што беше интересно и што предизвика особено внимание од страна на студентите беше непосредниот контакт со за нив сосема нова средина – професионална театарска екипа (режисер, актери, техничка екипа) и изучувањето на нови методи и практики при создавање на еден театарски костим. Исто така интересен беше и неконвенционалниот пристап на проекција на претставата, во која публиката заедно со студентите партиципираше непосредно преку своето директно присуство на самата сцена.

Проектот е дел од програмата на Министерството за култура на Република Македонија за 2023 година. За прв пат е претставен во рамките на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип на 03.06.2023, а подоцна и на многу настани во повеќе градови низ Републиката, вклучувајќи го Младинскиот Културен Центар во Скопје во рамките на 48-то издание на МОТ.
На актерот Даријан Петров за улогата на МекКен во „Роденден“ му е доделена специјална награда за млад актер, на 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ кое се одржа на 14.09.2023 во Струмица.
Според филмската критика наградата е доделена за актерски доследен пинтеровски израз во градењето на ликот на Меккен во претставата. Освен неспорниот талент на актерот, огромна улога во успешното доловување на ликот е препишана на успешно проектираниот костим.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Marija Kertakova
Date Deposited: 20 Nov 2023 10:32
Last Modified: 20 Nov 2023 10:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32562

Actions (login required)

View Item View Item