Aliaga, Lindita and Aliaga, Armend and Gjorgieva Ackova, Darinka (2023) Познавања за адхеренцијата кон терапијата со лекови кај студентите по фармација во Косово. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.
Text
Lindita Aliaga et al., Abstract - final.pdf Download (153kB) |
|
Text
Poster Prezentimi - Linda II.pdf Download (444kB) |
|
Text
Kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija - final.pdf Download (1MB) |
Abstract
Адхеренцијата кон терапијата со лекови (АТЛ) може да се дефинира како степен до кој пациентот дејствува во согласност со пропишаната доза на лекови, интервалот и режимот на дозирање. АТЛ не е исклучиво одговорност на пациентот, туку се вклучени и здравствените работници. Зголемената АТЛ може да има поголем ефект врз здравјето отколку само подобрувањата во специфичната медицинска терапија.
Целта на оваа студија беше да се процени знаењето за АТЛ кај студентите по фармација во Косово и како исход да се информираат истите за нејзиното значење, улогата на фармацевтот, придобивките и стратегиите за подобрување на АТЛ.
Ова е студија заснована на податоци добиени од одговарање на анкетен прашалник спроведен меѓу 25 студенти по фармација во Приштина, Косово, во мај 2023 година. Прашалникот вклучува комбинација од 12 прашања кои содржат квалитативни и квантитативни податоци. Користени се два вида прашања: 1) со повеќекратен избор и 2) отворени прашања.
Добиените резултати покажуваат дека 45% од учесниците имаат познавања за АТЛ, каде што 50% од нив научиле за ова на факултетот. 95% од студентите сметаат дека АТЛ е важна за добиениот терапевтски ефект иако не се запознаени со истата. Прелиминарните податоци од нашата сè уште тековна студија меѓу студентската популација во Косово, укажуваат на ниско до умерено знаење за АТЛ и дека се потребни нови и активни стратегии за да се направи пристапот на АТЛ попознат и поблизок.
Како заклучок, информациите и знаењето за АТЛ мора да се зголемат во фармацевтската заедница, за да се добие зголемено знаење и кај пациентите, со што ќе се успее во постигнувањето на добра АТЛ.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Darinka Gorgieva Ackova |
Date Deposited: | 26 Oct 2023 09:52 |
Last Modified: | 26 Oct 2023 09:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32442 |
Actions (login required)
View Item |