Metodijeski, Dejan (2023) Анимации во туризмот и угостителството. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, Скопје. ISBN 978-608-273-551-1
Text
Ucebnik Animacii vo turizmot i ugostitelstvoto 2023.pdf Download (843kB) |
Abstract
Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите поврзани со анимациите во туризмот и угостителството и запознавање на учениците со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во нашата земја. Во разработката на материјалот, користена е релевантна литература од познати автори и институции од областа на анимациите во туризмот и угостителството. Материјалот е структуриран според наставната програма за предметот Анимации во туризмот и угостителството кој се изучува во трета година во средните стручни училишта од сектор Угостителство и туризам. Учебникот е поделен на четири модуларни единици. Секоја модуларна единица е структурирана со вовед, резултати од учење, клучни зборови и резиме, а содржи и прашања за проверка на знаењето како и вежби.
Првата модуларна единица во учебникот е насловена како „Развој, значење и цели на анимациите во туризмот и угостителството“. Оваа модуларна единица опфаќа материја поврзана со историскиот развој на анимациите, го објаснува самиот поим анимација и ги претставува целите и значењето на анимациите во туризмот и угостителството.
Во втората модуларна единица, насловена како „Особини на аниматорот како туристички работник“ се опфатени содржини поврзани со потребните психофизички карактеристики на аниматорот во туризмот. Објаснето е значењето на аниматорот како фактор за успешно реализирање на анимацискиот програм. Понатаму, претставени се основите на мотивација на аниматорот како и способноста на аниматорот при решавање на проблематични ситуации при планирање и реализација на анимациската содржина.
Третата модуларна единица е насловена како „Комуникација во анимациите во туризмот и угостителството“. Во оваа модуларна единица опфатени се поимот и значењето на комуникациите во анимациите, како и наведени се факторите за успешна анимација. Претставени се и видовите и начините на комуникација, а елаборирани се и специфичностите на комуникација во анимацискиот тим.
Четвртата модуларна единица, насловена е како „Планирање и организација на анимациите во туризмот и угостителството“. Оваа модуларна единица ги објаснува принципите на составување на анимациска програма, претставува калкулирање на трошоците за реализација на анимациската програма, фактори кои влијаат на анимацијата, методите и техниките на вреднување на анимацијата, како и начините за вршење на евалуација на анимацијата.
Учебникот е наменет за потребите на учениците во средните стручни училишта од Секторот угостителство и туризам. Истиот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Анимации во туризмот и угостителството и да се подобри квалитетот на знаењето на учениците. Материјалот во учебникот е подготвен согласно препораките на Законот за учебници за основно и средно образование, како и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за вреднување на учебник на Бирото за развој на образованието. Содржината е претставена концизно и прегледно, користени се дијаграми, табели и фотографии со што ќе биде лесно разбирлив и совладлив од страна на учениците за кои е наменет.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 07 Sep 2023 11:48 |
Last Modified: | 07 Sep 2023 11:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32184 |
Actions (login required)
View Item |