Евалвација на физичките и механичките карактеристики на надградби изработени со CAD/CAM технологија - in vitro студија

Daci, Arian (2023) Евалвација на физичките и механичките карактеристики на надградби изработени со CAD/CAM технологија - in vitro студија. Doctoral thesis, Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.

[thumbnail of докторска дисертација д-р Ариан Даци 2023.pdf] Text
докторска дисертација д-р Ариан Даци 2023.pdf - Published Version

Download (3MB)

Abstract

Вовед: Во последните години во клинички и лабораториски фази и протоколи за естетска и функционална рехабилитација на преостанати ендодонтско третирани коренски канали е со надградби изработени со имплементирање на нови CAD-CAM-технологии и материјали. Но, податоците за физичките и механичките карактеристики на надградби изработени со дигитални и CAD/CAM технологии, се недоволни.
Цел: Целта на оваа in vitro студија беше да се евалуираат физичките карактеристики со дигиталното отчитување на длабочината и квалитетот на препарираниот простор за колчето од надградбата во коренскиот канал користејќи интра орален скенер (ИОС) споредено со дигитален отпечаток добиен со скенирање на конвенционален отпечаток со лабораториски скенер (ЛС). Исто така, да се евалуираат и компарираат механичките карактеристики на надградби изработени со CAD/CAM технологија од: ПММА, Zirconia и PEEK блокови.
Материјали и методи: За евалуацијата на физички карактеристики беше изработен референтен мастер-модел, мандибуларен фабрички модел (Study Model KaVoTM). Забите: 33, 35 и 37 се испрепарира коронарниот дел 2mm над гингивалниот дел и се испрепарира еден канал со должина од 12mm и пречник на ширината на влезот на просторот од колчето од 1.4mm на заб 33, еден канал со должина од 6mm и пречник на ширината на влезот на просторот од колчето од 1.2mm на заб 35, и два канали со должина од 8 и 10mm и пречник на ширината на влезот на просторот од колчињата од 1.6mm на заб 37. Потоа, со скенирање со 3-Д оптички лабораториски скенер (NeWay, Open Technologies, Rezzato, Italy), конектиран со компјутерски софтвер (Exocad) и Medit i500 интраорален скенер (ИОС) опремен со најновата верзија на софтвер, се зема дигитален отпечаток. Податоците од двете скенирања во форма на STL-фајл се суперпонираа и се изврши димензионална анализа на должината и ширината на просторот за колчиња со дигитална алатка шублер.
Од мастер референтниот модел се изврши земање на конвенционален отпечаток, кој се скенира со 3-Д оптички лабораториски скенер и medit интра орален скенер (ИОС). Дигиталниот отпечаток во форма на stl фајл се префли во Dental CAD софтверот на EXOCAD, како втор виртуелен работен модел за изработка и истражување на физичките карактеристики на надградбите.
За евалуација и компарација на механичките карактеристики во трите групи се изработија по 36 надградби (по 12 примероци од секоја испитувана група) CAD/CAM надградби од ПММА, Zirconia и PEEK блокови. Примероците од трите групи се испитуваа на универзална тестирачка машина (Schimadzu AGS-X), поврзана и управувана со компјутерски софтвер за тестирање материјали (Trapezium X, Version 1.1.5), на кој се регистрираат сите податоци и се пресметува отпорноста на свиткување и модулот на еластичност. По поединечното поставување на колчињата со различни димензии, ударниот клип се движи рамномерно 5 mm/min до моментот на кршење на примерокот. Моментот на фрактура е кога аплицираната сила паѓа на нула. Испитувањето на отпорноста на фрактура/кршење се изврши на 36 надградби поставени на основата мастер модел со поставена изрежана надградба. Ударниот клип, при Тестот за цврстина на кршење, се движи рамномерно со брзина 1 mm/min и тестот се смета за завршен кога доаѓа до кршење на надградбата. Податоците се регистрираат и софтверот автоматски ја пресметува отпорноста на свиткување, модулот на еластичност, кривите на напонот и оптоварувањето на примерокот, заедно со максималната аплицирана сила, што претставува сила на кршење.
Статистичката анализа на податоците беше изведена со статистички програм STATISTICA 7.1.
Резултати: Врз основа на рангирањето на резултатите од отчитување на длабочината и ширината на просторот за колче од модел и отпечаток во подгрупите 33, 35 и 37, скениран со интра орален скенер (ИОС) значајно е поголема од длабочината и ширината на просторот за колче скениран со лабораториски скенер (ЛС). Резултатите од евалуацијата на механичките карактеристики за сила на свиткување и за сила на фрактура за помеѓу трите подгрупи (33 & 35 & 37) на колчиња направени од ПММА, Zirconia и PEEK материјали, постои значајна разлика во силата на свиткување и силата на фрактура.
Заклучок: Отчитување на длабочината и ширината на просторот за колче модел и отпечаток во подгрупите 33, 35 и 37, скениран со интра орален скенер (ИОС) за значајно е поголема од длабочината на просторот за колче скениран со лабораториски скенер (ЛС). Со напредокот на CAD/CAM, дигиталните технологии и новите PММА, Zirconia и PEEK материјали со високи естетски и механички особини може да се изработат индивидуални естетски едноделни надградби со максимална прецизност, се намалуваат клиничките и лабораториските фази за рехабилитација и се постигнува поголемо задоволство кај пациентите.
Клучни зборови: надградби, РММА, Zirconia, PEEK, скенери, димензионална прецизност, сила на свиткување, модул на еластичност и сила на фрактура.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 21 Jun 2023 08:45
Last Modified: 21 Jun 2023 08:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31951

Actions (login required)

View Item View Item