Стоицизмот и Пол Фреир како темели на една современа екопедагогија

Stojanov, Trajce (2023) Стоицизмот и Пол Фреир како темели на една современа екопедагогија. In: International Scientific Conference Ecoanthropology: Between Man and Environment, 30 May - 01 June 2023, Skopje. (In Press)

[thumbnail of Ecoanthropology Programme[2070].pdf] Text
Ecoanthropology Programme[2070].pdf

Download (1MB)

Abstract

Екопедагогијата е теориски пристап во образованието кој се обидува да го комбинира најважното барање на денешната епоха - еколошката одржливост - со социјалната правда. Оттука, таа ја нагласува важноста од развивање на критичка свест и чувство на одговорност кон природната средина и општеството.
На прв поглед ниту бразилскиот теоретичар Пол Фреир, а уште помалку античкиот Стоицизам имаат врска со екопедагогијата како современа теорија и пракса. Се разбира, Фреир никаде не го употребува овој поим, а секако ниту соицизмот, но и и обете можат да бидат од полза при дефинирање на една современа екопедагошка теорија и пракса. Секако дека екопедагогијата има директна релација со идеите на Пол Фреир и дека е можеби и директен резултат на неговата критичка педагогија. Во комбинација со античките идеи на Стоицизмот, тие можат да бидат сосема солидна концептуална рамка за промислување на актуелните состојби од екопедагошка перспектива.
Во овој труд ќе се обидеме да ги понудиме и Пол Фреир и Стоицизмот како една можна теориска основа на екопедагогијата за одговор на современите образовни предизвици. Од една страна критичката педагогија на Пауло Фреир, кој ја нагласува важноста на образованието како алатка за ослободување и општествени промени, и од друга страна, стоицизмот како философија која ја потенцира
важноста да се живее во хармонија со природата и да се развие чувство на одвоеност од материјалните добра, можат да придонесат многу за современата екопедагогијата, токму преку тоа охрабрување на поединците да развијат подлабока врска со природата и да го разберат влијанието на нивните постапки врз животната средина.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 02 May 2023 10:11
Last Modified: 02 May 2023 10:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31685

Actions (login required)

View Item View Item