Можности за развој на религиозниот туризам на манастирот Зрзе во Република Северна Македонија

Petkoski, Gjorgji and Koteski, Cane and Dimitrov, Nikola (2022) Можности за развој на религиозниот туризам на манастирот Зрзе во Република Северна Македонија. Journal of papers of the Society for Science and Art Prilep (34-35). pp. 111-120. ISSN 0352-3497

[thumbnail of Можности за развој на религиозниот туризам на манастирот Зрзе во Република Северна Македонија (1).pdf] Text
Можности за развој на религиозниот туризам на манастирот Зрзе во Република Северна Македонија (1).pdf

Download (1MB)

Abstract

Манастирот Зрзе се наоѓа во ОП. Долнени во средишниот дел на Република Северна Македонија, на јужните падини на планината Даутица (2074м.н.в.), над селото Зрзе. До него се пристигнува по асфалтниот пат (Р513) од градот Прилеп-с. Мажучиште од каде навлегува во ОП. Долнени во правец кон-с. Ропотово каде од средината на селото се врти десно и се движиме по регионалниот асфалтен пат (Р514) во правец на с. Рилево-с. Костинци каде од средината на селото се врти лево кон с. Зрзе и над с. Зрзе се наоѓа манастирот Зрзе. Важно е да кажеме за посетителите дека на еден километар од манастирот на долната порта од манастирот од десната страна постои асфалтиран паркинг со капацитет за 50 автомобили. Манастирот е прогласен за споменик на културата.
Манастирот е епископско седиште на Хераклејскиот епископ Климент. Манастирот е изграден во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, податокот е поткрепен со натписот кој се наоѓа на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква. Во манастирот има активен монашки живот, околу манастирот постои средновековна монашка населба која што со сигурност имала 48 функционални целини, познати како испосници, тихувалишта.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 10 Mar 2023 09:00
Last Modified: 26 Nov 2024 12:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31527

Actions (login required)

View Item View Item