Анализа на активностите на Moodle база на податоци, пред и после појавата на пандемијата Covid-19

Lapevska, Dijana (2021) Анализа на активностите на Moodle база на податоци, пред и после појавата на пандемијата Covid-19. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of лекториран магистерски труд - Дијана Л..pdf] Text
лекториран магистерски труд - Дијана Л..pdf

Download (1MB)

Abstract

Образовните системи ширум светот се соочија со предизвик без преседан,
при што беше неопходно да се обезбеди образование од далечина преку мешавина
на технологии, со цел да се обезбеди континуитет на студирање и учење базирано
на наставна програма за сите. Тоа предизвика миграција на досегашниот начин на
едукација, односно наставата со физичко присуство веќе беше заменета со учење
на далечина преку интернет. Затворањето на училиштата беше наложено како дел
од препораките за јавно здравје за да се спречи ширењето на Covid-19 од февруари
2020 година во повеќето земји.
Учењето на далечина, вклучително и настава и учење преку интернет, се
изучува и применува со децении, но со појавата на пандемијата тоа стана
единствен начин за продолжување на образовниот процес. Бројни истражувачки
студии, теории, модели, стандарди и критериуми за евалуација се фокусираат на
квалитетно учење преку интернет, настава преку интернет и дизајн на курсеви преку
интернет.
Во овој контекст, во 2020 година, студискиот процес на Универзитетот „Гоце
Делчев“ кој се одвиваше со физичко присуство беше променет со учење од
далечина поради новосоздадената ситуација предизвикана од пандемијата Covid-19. Примарната цел на ова истражување е да се анализира бројот на активности на
корисниците на Moodle платформата пред и по пандемијата. Системот е-учење
Moodle се користи скоро 10 години. За таа цел е извршена анализа на податоците
од базата на податоци на Moodle користејќи алатки за големи податоци. Според
добиените резултати, вкупниот број активности во 2020 година е зголемен за три
пати во споредба со истиот период во 2019 година. Од истражувањето исто така
беа добиени резултати за поединечните активности на наставничкиот кадар и
студентите, односно резултати за одредени модули кои беа анализирани. Истите
тие резултати покажуваат дека има разлика во бројот на активностите на
корисниците на Moodle платформата.
Клучни зборови: големи податоци, Moodle, систем за електронско учење,COVID 19

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 20 Feb 2023 10:36
Last Modified: 20 Feb 2023 10:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31455

Actions (login required)

View Item View Item