Kertakova, Marija (2022) Проект покренат под иницијатива на Амбасадата на Република Италија во Република Северна Македонија по повод настанот „Младите и Италија – I giovani e l'Italia“. [Project]
Text
Марија Ќертакова_ТТФ-ИТАЛИЈА - ПРОЕКТ.pdf Download (20MB) |
|
Text
Текст.pdf Download (375kB) |
Abstract
На 21 Октомври 2022 година, Италијанскиот Амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри, придружуван од Марко Песцетели, претсавник за образование и наука од италијанската амбасада, присуствуваа на настан одржан во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип под наслов „Младите и Италија – една инспирација, многу приказни“ организиран од Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет по повод XXII недела на италијанскиот јазик во светот. Студентите од Филолошкиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет, Музичката и Академијата за ликовни уметности понудија богата програма со музички перформанс, предавања и видео презентации.
Амбасадорот и Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, се обратија пред јавноста составена од професори и студенти на штипскиот универзитет, но и студентите од штипската гимназија и италијанските студенти домаќини преку програмата Еразмус.
Проф. д-р Марија Ќертакова, придружувана од студентите на Технолошко-техничкиот факултет од насоката Дизајн на текстил и облека, одржа предавање под наслов „Италијанскиот моден дизајн – како од домашен бренд прераснува во светски еталон за вкус и стил“. Веднаш после предавањето, студентите од насоката Дизајн на текстил и облека се претставија со видео презентација на модни портфолија и илустрации инспирирани од модата на младите во Италија. Студентите кои учествуваа на овој настан беа Слаѓана Петрова, Анастазија Петковска, Марина Блажев, Маријана Богојеска, Викторија Китановска, Марија Димитровска, Мартина Попоска, Славица Тодорова, Евгенија Јорданоска, Сања Атанасова, Сара Котеска, Бојана Стојкоска, Сашо Зуламоски, Александар Шијакоски, Александар Николовски, Наталија Литајковски, Рената Вучкова и Сандра Арсова.
Настанот заврши со поздравен коктел, на кој како професорите така и студентите имаа можност да се запознаат со Амбасадорот и да поразговараат за интересни и актуелни теми, да разменат мислења и искуства, како и да воспостават контакти за идни професионални соработки.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Marija Kertakova |
Date Deposited: | 06 Feb 2023 09:46 |
Last Modified: | 06 Feb 2023 09:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31370 |
Available Versions of this Item
- Проект покренат под иницијатива на Амбасадата на Република Италија во Република Северна Македонија по повод настанот „Младите и Италија – I giovani e l'Italia“. (deposited 06 Feb 2023 09:46) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |