Слобода

Ivo, Pecov (2022) Слобода. [Show/Exhibition]

[thumbnail of Sloboda] Image (Sloboda)
Capture.PNG

Download (2MB)

Abstract

„Зборот „слобода“ во последните години, особено по започнувањето на пандемијата од Ковид-19, се почесто е застапен во медиумите и во разговорите меѓу луѓето. Но додека една криза е можеби во затишие веќе се појавува друга. Од изолираноста од другите, сега глобалниот свет се најде во страв од воена, економска, политичка и друг вид кризи кои го потиснуваат чувството за слобода кај човекот.

Има мноштво дела од областа на науката и уметноста посветени на темата за слободата, но колку и да се обидуваме да ги применуваме добрите искуствата од историјата, на крајот секогаш токму нашите случаи на ограничување се уникатни и за нив немаме од каде да се поучиме за тоа како да стигнеме до слободата. Или пак сметаме дека сме доста понапред во еволуцијата на човечкиот вид и нам примерите од поблиската и подалечна историја не би ни завршиле работа во нашиот 21 век. Од таму и често користената фраза која изразува недоумевање за нашата реалност - „Не е за верување како е ова возможно да се случува во 21 век“. Сето ова сочи дека ние како луѓе најверојатно се доживуваме понапред во еволуцијата од нашите претходници, а примерите од историјата, религијата, науката ги сметаме за неупотребливи во нашиот „напреден“ век. Во потрага по тоа постојано ново и постојан технички напредок ја забораваме нашата несовршеност и потреба од подлабоко проучување на нас самите, на нашиот внатрешен или духовен живот, покрај површинската нѝ оддаденост на формите за материјалното задоволство.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Katerina Despot
Date Deposited: 04 Feb 2023 22:18
Last Modified: 04 Feb 2023 22:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31325

Actions (login required)

View Item View Item