Алтернативни производи од грозје

Paneva, Sofija and Dimovska, Violeta and Mitrevski, Aleksandar and Ajtova, Ajtova and Temelkov, Aleksandar (2022) Алтернативни производи од грозје. In: III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 11 Nov 2022, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of III Студентска конференција, Абстракти.pdf] Text
III Студентска конференција, Абстракти.pdf

Download (833kB)
[thumbnail of Алтернативни производи од грозје.pdf] Text
Алтернативни производи од грозје.pdf

Download (1MB)

Abstract

Грозјето е сложена матрица кое содржи различни групи на соединенија: органски киселини, јаглехидрати, протеини, феноли, ароматични соединенија, минерали, витамини, минерални материи, масла и т.н.
Хемискиот состав на грозјето се базира на: 75-85% вода, 6-9% органски киселини g/L (винска, јаболкова, лимунска), до 0,1% танини, 0,5% азотни материи, 2,5% минерални материи g/L (K, Ca, P, Fe), ароматични материи (терпени, монотерпени) и витамини (А, Б, Ц, Е).
Во 100 g суво грозје можеме да сретнеме до и 70 g јаглехидрати (шеќери), 2,5 g протеини, 0.9 г масти , 270 калории – енергетска вредност. Од витамини, најчесто е количеството од mg/100 g, односно витамин А – 0,2% витамин Б1 - 0,15%, витамин Б2 – 0,08% и витамин Б6 – 0,30%.
Честото конзумирање на грозје помага во зајакнување на имунитетот, повеќе енергија, помага против појава на анемија, го забрзува исфрлањето на токсични материи и помага во зацврстување на коскените ткива (Ca, B).
Во однос на алтернативните производи добиени од грозје, винскиот оцет како еден од најупотребуваните секојдневни производи е производ добиен со двојна ферментација (алкохолна и оцетна). Тука е и маслото од семки кое има антиоксидативно својство богато со феноли, танини, омега 6 линоленска киселина и други незаситени масни киселини, омега 9 и омега 3.
Во други алтернативни производи во полседните години значајно место е производството на гроздов мед "Маџун" како традиционален производ, потоа слатката, како и најразличните козметички препарати во кои се користат екстракти од семки богати масла, полифеноли и антиоксиданси.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Dimovska
Date Deposited: 26 Jan 2023 16:53
Last Modified: 26 Jan 2023 16:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31013

Actions (login required)

View Item View Item