Todevska, Daniela (2022) Безбедност на храната и земјоделството во контекст на климатските промени. In: Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2022” и Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК 2022”, 30 Sept - 02 Oct 2022, Kumanovo. (Unpublished)
Text
Агенда (1).pdf Download (395kB) |
|
Text
predavanje 2022.pdf Download (505kB) |
Abstract
Влијанието на глобалното затоплување и климатските промени ќе бидат лимитирачки фактор во процесот на снабдување и производство на храна за жителите на земјата. Според податоците на FAO се смета дека до 2050 година на земјата ќе живеат скоро десет милјарди луѓе што укажува на фактот дека проблемите за храна ќе се зголемат.
Да се гарантира прехраната на светското население до 2050.година потребни се 19 милјарди евра годишно,предупредил Жак Диуф , генералниот директор на FAO. На конференцијата е изнесен и податок дека околу милјарда луѓе не добиваат доволно храна, што според податоците на Агенцијата на Обединети нации е рекорд на сите времиња.
FAO наведува дека бројот на гладни во светот оваа година ќе се зголеми за 11%.
Организацијата за ваквата ситуација ја окривува глобалната економска криза и релативно високата цена на храната. Промена на цената на храната најтешко ги погодува сиромашните, кои 60% од вкупните приходи ги трошат за храна.
Според European Consumer Centre (Dublin, Ireland) под терминт „храна “, се подразбира секоја супстанца или производ кој е преработен, делумно преработен или непреработен, а е наменет или може да биде наменет за исхрана на луѓето.Влијанието на храната на организмот на човекот е повеќекратен, многу сложен и непрекинато присуте во тек на животот од раѓање до смрта. Делува на сите сетила: мирис, вкус, вид. Исто така делува на емоциите на луѓето.
Храната која се внесува во организмот покрај другото треба да ги исполни следните 3 услова:
1. Да биде доволна по количина да обезбеди поребна енергија за работа, растење и обнова на клетките и ткивата;
2. Да биде разновидна, односно да содржи во потребна количина хранливи и други неопходни состојки како белковини, масти, јаглехидрати, минерали,
3. Да биде здравствено безбедна.
Бројни инциденти кои се ширум светот и секојдневн се случуваат поради хигиенски,токсиколошки или на друг начин неисправна
(контаминирана) храна, како и влијанието на климатските промени имплицираат последици кои се манифестираат со загрижувачко ниво на загрозување на здравјето и безбедноста на потрошувачите ширум светот,кои резултира и со значајни економски губитоци.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Daniela Dimovska |
Date Deposited: | 31 Jan 2023 11:50 |
Last Modified: | 31 Jan 2023 11:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30996 |
Actions (login required)
View Item |