Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Toneva Stojmenova, Verica and Kovacevska, Ivona (2022) Примена на CAD CAM системот во реставративната стоматологија. In: 9ти Конгрес на Македонско стоматолошко друштво со меѓународно учество (МСД): Стоматологијата пред предизвиците на новото време: можности и ограничувања, 15-18 Sept 2022, Ohrid, Republic of North Macedonia.
Text
Cad Cam MSD.pdf Download (681kB) |
|
Text
MSD CAD-CAM.pdf Download (1MB) |
Abstract
Вовед CAD/CAM системите станаа сè попопуларен дел од стоматологијата во последните 25 години. CAD/CAM технологијата се користи и во заботехничка лабораторија и во стоматолошката ординација. Овој систем ни дава можност да направиме голем број на изработки во една посета: инлеи, онлеи, оверлеи, ламинати, коронки и привремени мостови.
Цел на овој труд е да се прикажат видовите реставрации кои може да се направат со CAD/CAM системот од областа на реставративната стоматологија и принципите на препарација на забите за различни реставрации.
Материјал и метод За изработка на овој труд беше направено пребарување на литература не постара од 10 години за протоколот на работа на CAD/CAM софтверот како и материјалите што се компатибилни со овие системи.
Резултати Ординацискиот CAD/CAM систем овозможува креирање на естетски реставрации во една посета. Ординацискиот систем CAD / CAM се состои од три дела: интраорален скенер, компјутер со софтверска програма и единица за фрезување (фреза).
Со зголемената употреба на дигитална технологија во стоматологијата, многу интраорални скенери, кои можат да произведат интраорални слики без материјали за отпечатување, се претставени на пазарот за постоечки CAD/CAM системи. Некои од интраоралните скенери кои се користат денес се: CEREC AC powered by BlueCam, E4D dentist, Lava COS, Trios, Cadent iTero i CEREC OmniCam.
Заклучок Клиничкиот успех и издржливоста на реставрациите бараат доверлив и докажан протокол за цементирање, кој обезбедува висока јачина на врската и добро маргинално затворање.Денес има цела серија материјали за цементирање на керамички реставрации на тврдо забно ткиво и може да се поделат во три групи: адхезивни цементи, самоатхезивни цементи и конвенционални цементи.
Дискусија Правилната примена на CAD/CAM технологијата може да произведе реставрации кои ги исполнуваат и функционалните и естетски критериуми. Обликот, големината и текот на препарацијата најчесто се одредуваат според анатомијата на забот и видот на реставрацијата.
Клучни зборови: инлеи, онлеи CAD CAM софтвер
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 30 Nov 2022 11:22 |
Last Modified: | 30 Nov 2022 11:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30572 |
Actions (login required)
View Item |