Особини на македонскиот постмодернистички роман во првата деценија на 21 век

Kozinkova, Vesna (2015) Особини на македонскиот постмодернистички роман во првата деценија на 21 век. Masters thesis, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.

[thumbnail of magisterski-trud.pdf] Text
magisterski-trud.pdf

Download (496kB)

Abstract

Магистерскиот труд пос наслов „Особини на македонскиот постмодернистички роман во првата деценија на 21 век“ пред себе си постави сериозна цел - да ги испита и провери својствата на македонскиот постмодернистички роман во првата деценија на 21 век. Неговата сериозност произлегува од фактот што тој си постави временска рамка на истражување, а од друга страна се работи за процес во траење, на роман кој е во фаза на развиток, па, така, секое донесување на генерални заклучоци повлекува ризик од нивна невалидност. Затоа трудов има за цел да испита некои од карактериситиките на тој роман, оние кои ни се наметнаа како клучни при истражувањето на споменатиот временски период.трудот започна со мала терминолошка расправа околу поимот Посмодернизам. Откако се консултираа неколку авторитети со свои забелешки, сугестии и сфаќања за и на (околу) терминот, се наведоа главните својства на постмоденистичкото писмо. При тоа се наметнаа, по наше видување, базичните: интертекстуалност, хипертекстуалност и метатекстуалност.Земајќи ги во предвид некои од посочените наслови како „Сестрата на Сигмунд Фројд” - Гоце Смислевски, „Заклученото тело на Лу” - Оливера Ќорвезироска и „Мемоарите на Алберт Ајнштајн”- Кире Илиевски, трудов ги испита и провери интертекстуалните и хипертекстуалните релации во нив. Се констатира дека тие припаѓаат на еден посебен жанр во рамките на македонскиот постмодернистички роман каков што е биографската фикција или фикционалната биографија.Примероците кои ги анализиравме и врз кои ги применивме моделите на метатекстуалност се: „Опишувач” на Ермис Лафазановски, „Ѕиркачот” на Александар Прокопиев и „Скриена Камера” на Лидија Димковска. И кај сите нив се наметна аспектот на вистинитост со оглед на примарната задача на сите субјекти на раскажувањето: да опишуваат, да ѕиркаат или да снимаат. При тоа се констатираа два модела како два начина со кои се проверува веродостојноста: едниот тоа го прави преку израмнување со кодот на јавното мислење („Опишувач”), а другиот („Ѕиркачот“) со усогласување кон правилата на родот.Македонскиот постмодернистички роман е во фаза на развиток. Овој труд беше само еден од обидите кои, се надевам, дека ќе произлезат кон негова понатамошна посеопфатна анализа. Временската дистанца која ние ја имаме за една ваква анализа е, речиси, занемарлива. Но нашата задача не е да се одговори на прашањето: какви биле особините на македонскиот постмодернистички роман, туку какви тие се во моментот на неговото растење и развиток.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Kozinkova
Date Deposited: 23 Nov 2022 08:51
Last Modified: 23 Nov 2022 08:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30519

Actions (login required)

View Item View Item