Балканските војни и Првата светска војна

Cackov, Oliver and Ilieva Nikolova, Anita (2021) Балканските војни и Првата светска војна. Other. Universitet Goce Delcev Stip, Stip.

[thumbnail of БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА -PDF.pdf] Text
БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА -PDF.pdf

Download (6MB)

Abstract

Учебникот Балканските војни и Првата светска војна иако во историска рамка опфаќа период кој е релативно краток, сепак периодот од 1912 до 1918 година е еден од најдинамичните и најтрубулентни во историјата на Македонија, Балканот и пошроко.Tокму затоа Балканските војни и Првата светска војна преставува интересна историографска тема во која во една логична методолошка структура се поместени најзначајните историски моменти во горе споменатиот период кои моменти ја одредија судбината како и на Македонија така и на Европа.
Во содржината на текстот хронолошки се поместени настаните во Македонија и Балканот непосредно пред почетокот на Балканските војни,односите и меѓусебното поврзување на балканските држави непосредно пред започнувањето на Првата балканска војна и почетокот на истата.Значењето на Првата балканска војна е особено потенцирано бидејќи со ова војна една епоха,на османлиското владеење на овие простори,за да потоа како на филмска лента се сменуваат бугарското и српско владеење. Втората балканска битка односно Брегалничката битка детално објаснета во учебникот го отвора поглавјето за меѓусојузничката конфронтација помеѓу бугарските и српски војски концентрирани на просторот во источниот дел на Македонија. Букурешкиот мировен договор и последиците од Првата светска војна ја заокружуват целината која се однесува на перидот што доведе до нови тектонски промени на овие простори.Првата светска војна како глобален воен феномен кој го означи почетокот на 20 век. И, Македонија не остана поштедена од овој виор.Тематските содржини кој се однесуват на Првата светска војна ги опфаќат состојбите на Балканот пред почетокот на војната.Покрај трите најзначајни фронтови кој се развиле на територијата на Европа во учебникот посебен акцент се става на Македонскиот фронт. Рбетот на Македонија односно просторот од границата со Албанија до планината Беласица е линијата каде што ќе се реши исходот на Првата светска војна.Односно познатиот пробив на македонскиот фронт. Во ова поглавје хронолошки е објаснето и за учеството на македонците како и за политичко-економските прилики во Македонија.Последното поглавје од учебникот е посвветен на состојбата на фронтовите во Европа, како заврши Првата светска војна и што како последици ги остави истата.
Би билe задоволни и особено привилегирани доколку содржините на овој учебник побудат интерес и практична примена кај студентите од групата Историја со Археологија при Универзитетот „Гоце Делчев„-Штип

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Oliver Cackov
Date Deposited: 30 Aug 2022 10:40
Last Modified: 30 Aug 2022 10:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30146

Actions (login required)

View Item View Item