Човек и простор

Despot, Katerina and Dzingo, Aleksandar (2022) Човек и простор. [Show/Exhibition]

[thumbnail of 294944371_1628907707491148_8337405770378023509_n.jpg]
Preview
Image
294944371_1628907707491148_8337405770378023509_n.jpg

Download (236kB) | Preview

Abstract

„Човекот и просторот“
Изложба на Катерина Деспот и Александар Џинго
Идеалот во естетиката претставува основна детерминанта и критериум за определување на претставата за „хармонијата и совршенството“. Применувајќи го дуалистичкиот концепт на филозофот Хераклит – „хармонијата како рамнотежа меѓу спротивностите“, античките скулптори и архитекти го развиле концептот на симетријата. Според античкиот скулптор Поликлет, хармонија претставува соодносот меѓу деловите на човечкото тело и соодносот на секој поединечен дел со севкупната човечка анатомија (антропоцентричен вредносен систем).
Одредени авангардни уметници на XX-от век се надоврзуваат на античката естетика на пропорцијата, експериментирајќи со таканаречената „геометриска хармонија“. Дистинктивниот стил на рускиот уметник Казимир Малевич познат како супрематизам се одликува со крајно симплифицирани и динамични геометриски фигури подредени во дијагонала.
Редуцирајќи ги разните архитектонски тридимензионални форми и предмети, преведувајќи ги истите во дводимензионални симплифицирани фрагменти и вкрстувајќи ги ликовно преведените елементи во просторните интериерни композиции, академскиот уметник и професор Катерина Деспот конструира внимателно стилизирани колажни композиции. Во интериерните решенија – вертикално и хоризонтално подредените фигури, колажните исечоци и линеарните арабески кои означуваат разни текстурни површини и хармоничните бои, доминираат законите на хармонијата и функционалноста. Апстрактните композиции со монохромни дводимензионални рамни позадини и редуцираните асоцијативни облици, ги артикулираат супрематистичките идеали на Малевич – одвојување на формите од нивната асоцијација со предметите или природните појави и ослободување на прочистениот израз на чувствата преку чистите геометриски фигури.

Со интуитивното разбирање и обликување на формата, суптилниот лирски сензибилитет на линијата и молската скала на светло-сенките, академскиот графичар и професор Александар Џинго создава цртежи со претстави на човечки фигури и ликови кои јасно ја изразуваат внатрешна психолошка состојба, применувајќи го античкиот естетски идеал за убавината (опишан преку ликовните принципи – хармонија и пропорција).
Автор на текст: Викторија Димеска, Историчар на уметност.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Katerina Despot
Date Deposited: 31 Jan 2023 12:08
Last Modified: 31 Jan 2023 12:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30032

Actions (login required)

View Item View Item