Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) „Смртта како кума“ - архаичен мотив во една волшебна приказна од книгата „Араптази“ на Иван Котев. Македонски фолклор. ISSN 2671-3993
Text
„Смртта како кума“ - архаичен мотив во една волшебна приказна од книгата Араптази на Иван Котев.pdf Download (1MB) |
Abstract
Архаичните родовски традиции нашле свое место во фолклорот и по сите поминати фази на модификации останале нивни реликти. Анализирајќи ги фазите на развој на сродничките врски, доаѓаме до најраспространетиот феномен кумство/побратимство, релација што има свој заеднички култен образец во народната традиција.Кумството претставува институција во која две единки или групи влегуваат во содејство заради исполнување на одредени обредно-ритуални практики, а неговите зачетоци се лоцираат длабоко во древноста. Истражувањата покажуваат дека терминот куме широко распространет во традицијата на јужнословенските народи и претставува институција позната уште во претхристијанско време. Во традицијата на јужнослоенските народи сè уште стои жива сликата за кумот како лик, кој ги заслужува најголемите почести и длабока почит. За кумството како сродничка врска меѓу две индивидуи важи релацијата подреден – надреден.Во извонредно богатата собирачка актива на современиот македонски фолклорист Иван Котев, стои запишана волшебна приказна со наслов „Момчето шо служило двајсе и пет гудини вујник“. Покрај многуте мотиви што ги содржи приказната, мотивот „смртта како кума“ посебно го привлече нашето внимание. Во трудот ќе направиме подробна опсервација на мотивот како архаичен реликт што се видоизменувал низ времето за, на крајот, да се прилагоди на христијанската традиција и како таков останува во фолклорот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 09 Aug 2022 11:13 |
Last Modified: | 09 Aug 2022 11:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29966 |
Actions (login required)
View Item |