Zakoski, Ilija (2022) Спортско - рекреативните активности и манифестации во контекст на креирање на сатисфакција на туристите и избор на туристичка дестинација на примерот на Попова Шапка. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Text
Doktorski trud Ilija Zakoski.pdf Download (4MB) |
Abstract
Спортско рекреативниот туризам претставува социјален економски и културен феномен кој произлегува од интеракцијата меѓу туристите, активностите и дестинацијата. Спортот и рекреација се активности по сопствен избор на туристот, со цел да се задоволи неговата потреба за движење, игра, активна рекреација и одмор. Важноста на спортот и рекреацијата во туризмот се рефлектира во задоволувањето на основната човечка потреба за физичка активност.
Предмет на истражување во овој труд се спортско рекреативните активности во контекст на креирање на сатисфакција на туристите на примерот на туристичката дестинација Попова Шапка која е во состав на националниот парк Шар Планина. Од спортско рекреативните активности Попова Шапка нуди прошетки по обележени патики, искачување кон планинските врвови, глацијалните езера, атрактивни извори на реки, водопади, планински велосипедизам, ски туризам, лов, риболов, јавање коњи, параглајдерство слободно скијање, возење мотоцикли, моторни санки и др.
Целта на истражувањето е емпириски да се утврди релацијата меѓу спортско рекреативните активности и сатисфакцијата на туристите врз основа на прашалник кој се однесува на задоволството на туристите од спортско рекреативната понуда како и вкупното задоволството на туристите од престојот на Попова Шапка, нивно повторно доаѓање во тек на една година како и препораката на роднините и пријателите да ја посетат Попова Шапка. Составен дел на прашалникот се и социодемографските податоци за туристите.
Степенот на истраженост на спортско рекреативниот туризам и неговата корелација со задоволството на туристите е многу мал особено на туристичката дестинација Попова Шапка. Овој труд ќе ја надополни оваа празнина и ќе даде насоки за иден развој на спортско рекреативниот туризам на оваа туристичка дестинација.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 20 Jun 2022 08:28 |
Last Modified: | 20 Jun 2022 08:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29848 |
Actions (login required)
View Item |