Анестезија кај пациент со интрацеребрално крварење

Zikova, Radmila and Lazarevski, Martin and Mihailov, Marjan and Mihailova, Ana and Delipetrova, Natali and Mojsova, Maja and Trojikj, Tatjana and Eftimova, Biljana (2021) Анестезија кај пациент со интрацеребрално крварење. In: Current topics in anesthesiology, 19-21 Nov 2021, Online.

[thumbnail of 0 Program Symposium Current topics in anestesiology 19-21.11.2021 Verz. 18.11.pdf] Text
0 Program Symposium Current topics in anestesiology 19-21.11.2021 Verz. 18.11.pdf

Download (503kB)
[thumbnail of Anesthesia in a patient with intracerebral hemorrhage.docx] Text
Anesthesia in a patient with intracerebral hemorrhage.docx - Published Version

Download (14kB)

Abstract

Вовед: Мозочните крварења се со висок ризик по животот на пациентите поради итноста
на состојбата, оштетувањата на мозокот, со морталитет од околу 62%, а кај 50% од
преживеаните се јавува траен инвалидитет. Според ова од големо значење за исходот на
пациентите е навремено поставување на дијагноза и итен хируршки третман.
Материјал и методи: Пациент, 50 годишен, примен во ургентен центар, во тешка општа
состојба, сопорозен, со сопствено дишење. Направени се лабораториски анализи кои се
уредни и КТМ на кој е дијагностицирано масивно интрацеребрално крварење со продор во
коморниот систем. Пациентот е веднаш примен во единица за интензивно лекување, каде
што по влошување на состојбата, односно Глазгов кома скала 4, проширени зеници ,
појава на децеребрациони движења и респираторна депресија, е интубиран и внесен во
операциона сала.Пред и интраоперативно со тахикардија, пулс 150/ мин и хипертензија
220/120 mmHg. Анестезијата е водена со фентанил, есмерон и севофлуран. Хипертензија е
корегирана со нитроглицерински препарат, титриран според вредноста на крвниот
притисок. Интраоперативно е присутно обилно крварење при што е дадено транексамична
киселина 1 грам како и трансфузија на две единици крв и две единици свежо смрзната
плазма. Постоперативно континуирана седација со дормикум и фентанил, на механичка
вентилација (IPPV), без задоволително сопствено дишење, антихипертензивна и
антиедематозна терапија. По 10 дена направена е трахеотомија, на механичка вентилација
и промена на режимот на дишење во зависност од повремените подобрувања и
влошувања. По два месеци се подобрува состојбата, со задоволително сопствено дишење,
спонтано затварање на трахеостомскиот отвор по што во стабилна општа состојба е
пуштен на домашно лекување.
Заклучок: Развојот на современите дијагностички техники, анестезијата, хируршките
методи, постоперативнато лекување , негата и рехабилитацијата имаат позитивен исход
кај неврохируршките пациенти со мозошно крварење.
Клучни зборови: мозочно крварење, хипертензија , децеребрација, неврохируршка
анестезија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Assoc.Prof Biljana Eftimova
Date Deposited: 11 Mar 2022 10:36
Last Modified: 11 Mar 2022 10:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29589

Actions (login required)

View Item View Item