Љубен Јуртоски, изработувач на народни музички инструменти од Прилеп

Angelov, Goranco (2021) Љубен Јуртоски, изработувач на народни музички инструменти од Прилеп. In: Фолклорот во минатотот и денес, Зборник на трудови 2, Прилеп 2021. Фестивал за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, Прилеп - Долнени.

[thumbnail of Фолклорот во минатотот и денес, Зборник на трудови 2, Прилеп 2021.pdf] Text
Фолклорот во минатотот и денес, Зборник на трудови 2, Прилеп 2021.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во Македонија во 21 век, изработувањето на народни музички инструменти се негува од сосема мал број занаетчии, кои имаат вештина за обработување на дрвото, материјал кој, традиционално до ден денес, се употребува за изработување на музичките инструменти.
Во Прилеп изработувањето на народни музички инструменти било присутно уште во далечното минато и бележи долга традиција, особено изработувањето на гајдите.
Еден од луѓето кои се занимаваат со изработување на народни музички инструменти е Љубен Јуртоски од Прилеп.
Самата побарувачка на инструменти но и неговите љубопитност и желба да ги изработи инструментите кои доаѓале во неговите раце, биле појдовната мотивација Љубен да започне со изработката на музички инструменти. Љубен ги изработува дувачките музичките инструменти: гајдата, кавалот, зурлата, дудкукот (дудучињата) и шупелката (шупелчињата), а од удирачките инструменти го изработува тапанот.
Клучни зборови: Прилеп, Македонија, Љубен Јуртоски, народни музички инструменти гајда, кавал, зурла, дудкук шупелка, тапанот.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 28 Feb 2022 09:16
Last Modified: 28 Feb 2022 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29523

Actions (login required)

View Item View Item