Систем за автоматизирано земјоделско производство на храна во затворен простор базирано на IoT технологии

Dimovska, Daniela (2021) Систем за автоматизирано земјоделско производство на храна во затворен простор базирано на IoT технологии. [Project]

[thumbnail of Proektna aplikacija (3).pdf] Text
Proektna aplikacija (3).pdf

Download (1MB)

Abstract

Проектот – Систем за автоматизирано земјоделско производство на храна во затворен простор базирано на IoT технологии, претставува имплементација на паметен автоматизиран систем за следење и автоматизација на производството на земјоделско производи во затворен простор, кој вклучува прибирање на податоци во реално време, процесирање и анализи на истите, како и технологии за автоматизација, со користење на IoT во
постапките при одгледување во затворен простор.
Главната цел на проектот е: да се направи иновативно решение – Систем за автоматизирано земјоделско производство на храна во затворен простор базирано на IoT технологии во соработка со стручни лица, за да се направи иновативно решение преку иновативни алгоритми, развој на хардвер и софтвер, со што би се добил комерцијален производ кој би се пласирал на домашни и надворешни пазари. Преку реализација на проектот и соработката со факултетите и научните институции ќе ги оствариме и
целите за едукација, зголемување на техничките знаења. Истовремено ќе се отвори можност за нови работни
места за кои е неопходно познавање на новите технологии, со што би се овозможило реализација на
дополнителни придобивки, кои се од севкупен (индустриски, економски и општествен) интерес, како поврзување на стопанството со науката.
Проектот треба да обезбеди фунционален систем во рок од 9 месеци.
Главната иновативност на проектот се состои во:
- Земјоделско производство базирано врз стручните познавања на експертите од Земјоделските факултети;
- Воведување на нови иновативни технологии во процесот на автоматизација;
- Развој на сопствен IoT систем (со употреба на готови компоненти) со многу поголема флексибилност и прилагодливост;
- Развој на иновативни алгоритми со употреба на нови напредни sw-ски решенија, за оптимизација на параметрите за квалитетен производ, базирано врз заедничката соработка со Факултетите;
- Маркетинг и продажба;
- Да им се пристапи на потенцијалните корисници преку комуникација и подршка, која би се реализирала со помош на Факултететите.
Со контролирање на околината во проиводството и квалитетот на културите во истиот како и периодот на
одгледување, може да се зголеми, со тоа што културите ќе ги добиваат оптималните услови за раст, како што се
температура, влажност, вода, јаглен диоксид, сончева светлина, хранливи материи, Ph и сл. Сите овие фактори
ќе се контролираат автоматски, со употреба на смарт ситемот за контрола опремен со адекватни сензори и
софтвер.
Решението ќе биде реализирано со употреба на нов IoT систем кој ќе биде изработен со сопствен развој како и
негова примена во производството.
Пазарниот потенцијал на решението го гледаме во производството за различни култури во затворен простор
(микро-земјоделци) и цвеќиња како и земјоделски фарми од различен вид во земјата и странство.

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Daniela Dimovska
Date Deposited: 01 Mar 2022 11:08
Last Modified: 01 Mar 2022 11:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29505

Actions (login required)

View Item View Item