Apasiev, Dimitar (2021) Corpus Iuris Civilis Romani - Контроверзите при создавањето на Јустинијановата кодификација. Годишен зборник на Правниот факуптет УГД, XI (11). pp. 21-30. ISSN 1857-8713
Text
94. Apasiev CIC - mk. (Zbornik UGD, 2021).pdf - Published Version Download (3MB) |
Abstract
Фоербах (Ludwig Feuerbach / 1804–1872) знаел да каже дека, во целокупната европска историја, постојат три книги кои никогаш не смеат да се турнат во заборав: христијанската Biblia, Јустинијановиот Corpus Iuris Civilis Romani и Марксовиот Das Kapital – бидејќи токму од нив „најмногу се храни човештвото“. Можеби затоа и секој обид за критика кон
овие колосални дела, макар и да претендира да го носи епитетот „научен“, треба да се пишува со рака која трепери. А токму намерата на овој труд, кој барем во македонски прилики е пионерски за темата на која се однесува, е преку еден историско-компаративен и логичко-телеолошки пристап да го истражи досега запоставеното прашање: Како е можно, за толку кратко време (околу шест години) да се создаде едно вакво грандиозно правно дело, кое е скоро трипати поголемо од Светото Писмо, т.е. од Стариот и Новиот Завет заедно? Нашата цел е, скромно и непретенциозно, само да додадеме длабочина на она што досега беше разочарувачки плитка
дебата за начинот и приликите во кои всушност настанала прочуената т.н. „Јустинијанова кодификација“ (VI век). Притоа, главната линија на аргументација е дека правниците кои тогаш биле повикани да го одработат ова монументално кодификаторско дело, се потпирале на солидна граѓа од веќе претходно создадени законици и правни збирки кои, пак, биле користени при правната едукација на Високите правни школи кои постоеле низ тогашниот Источен дел на Империјата.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | Кодекси, Дигести, Институции, Новели, комисии, јуриспруденти |
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 15 Feb 2022 13:58 |
Last Modified: | 15 Feb 2022 13:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29447 |
Actions (login required)
View Item |